Енергетска заедница
Енергетската заедница е меѓународна организација воспоставена помеѓу Европската Унија и повеќе трети земји со цел да се прошири внатрешниот енергетски пазар на ЕУ во Југоисточна Европа и во други региони. Со приклучувањето кон Енергетската заедница, членките се заложуваат да го спроведат соодветниот енергетски acquis communautaire на ЕУ, да развијат соодветна регулаторна рамка и да ги либерализираат своите пазари на енергетика согласно со acquis communautaire.
Договорот со кој е основана Енергетската заедница е потпишан на 1 октомври 2005 година, а влегол во сила на 1 јули 2006 година.
Членки на Енергетската заедница се: ЕУ, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Украина и Грузија. Набљудувачи се: Ерменија, Норвешка и Турција.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |