Прејди на содржината

Долношлеска Горна Лужица (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долношлеска Горна Лужица
Landkreis Niederschlesischer Oberlausitzkreis

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
СедиштеНиски
Површина
 • Вкупна1,340,24 км2 (517,47 ми2)
Население (2006)
 • Вкупно94,750
 • Густина71/км2 (180/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.NOL
Мреж. местоhttp://www.nol-kreis.de

Долношлеска Горна Лужица (германски: Niederschlesischer Oberlausitzkreis) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, најисточен округ на Германија. Соседни окрузи биле (од југ надесно) Лебау-Цитау, Бауцен, Каменц и округот Шпре-Ниса во Бранденбург. Слободниот град Герлиц бил на исток, до границата со Полска.

Историја

[уреди | уреди извор]

Територијата на овој округ не била дел од Саксонија пред Втората светска војна; туку, заедно со градот Герлиц, бил дел од германска Шлеска. Кога поголемиот дел од Шлеска припаднал на Полска по војната, малиот дел од шлеската покраина бил споен со Саксонија.

Моменталниот округ бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ниски и Вајсвасер и поголемиот дел од поранешниот округ Герлиц. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.

Географија

[уреди | уреди извор]

Главната река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава границата со Полска. Теренот главно е ридски, со широки долини. Во минатото постоеле бројни мочуришта, кои сега се претворени во плодни земјишта.

Партнерства

[уреди | уреди извор]
Грб Камениот ѕид во долниот дел на грбот е симбол на регионот Горна Лужица, со нејзините три врвови симболизирајќи ги трита окрузи, кои се споиле заедно. Листовите од липа ги симболизираат Лужичките Срби, словенско малцинство. Штитот над ѕидот е стариот грб на пруската покраина Долна Шлеска (Niederschlesien).

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Градови Општини
  1. Бад Мускау
  2. Ниски
  3. Рајхенбах
  4. Ротенбург
  5. Вајсвасер
  1. Боксберг
  2. Габленц
  3. Грос Дибен
  4. Хенихен
  5. Хоендубрау
  6. Хорка
  7. Клитен
  8. Кодерсдорф
  9. Кенигсхајн
  10. Краушвиц
  11. Креба-Нојдорф
  12. Маркерсдорф
  1. Мика
  2. Најсеауе
  3. Квицдорф ам Зе
  4. Ричен
  5. Шлајфе
  6. Шепстал
  7. Золанд ам Ротштајн
  8. Требендорф
  9. Фиркирхен
  10. Валдхуфен
  11. Вајскајсел

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]