Диспепсија е состојба на нарушена дигестија.[1] Симптомите може да вклучуваат жиговина, наузеа, ждригање, или абдоминална болка.[2] Пациентите исто така може да се чувствуваат сити порано од очекуваното кога јадат.[3] Диспепсијата често е предизвикана од гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) или гастрит.[4] Во помал број на случаи може да биде првиот симптом на пептичен чир (чир на желудникот или дуоденумот) и повремено на канцер. Оттука, необјаснетa новооткриена диспепсија кај луѓе над 55 години или присуството на други алармантни симптоми може да бараат дополнителни испитувања.[5]
Функционална диспепсија (претходно нарекувана нечирна диспепсија)[6] претставува диспепсија „без присуство на болест на органите, која би ги објаснила присутните симптоми“.[7] Се проценува дека околу 15% од населението во западните земји имаат функционална диспепсија.[6]
↑Zajac, P; Holbrook, A; Super, ME; Vogt, M (March–April 2013). „An overview: Current clinical guidelines for the evaluation, diagnosis, treatment, and management of dyspepsia“. Osteopathic Family Physician. 5 (2): 79–85. doi:10.1016/j.osfp.2012.10.005.
↑van Kerkhoven LA, van Rossum LG, van Oijen MG, Tan AC, Laheij RJ, Jansen JB (September 2006). „Upper gastrointestinal endoscopy does not reassure patients with functional dyspepsia“. Endoscopy. 38 (9): 879–85. doi:10.1055/s-2006-944661. PMID16981103. Free full-textАрхивирано на 27 јули 2011 г..