Прејди на содржината

Делавер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Делавер
State of Delaware
Знаме на Делавер [[Податотека:|100п|Печат на Делавер]]
Знаме Печат
Прекар(и): The First State, The Small Wonder, Blue Hen State
Гесло: Liberty and Independence
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиНово МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајоминг
Службен јазик англиски
Главен град Довер
Најголем град Вилмингтон
Површина  49. место
 - Вкупно 6 452 км²
 - Широчина 48 км
 - Должина 154 км
 - % вода 21,5
 - Гео. ширина 38° 27′ N до 39° 50′ N
 - Гео. должина 75° 3′ W до 75° 47′ W
Население  45. место
 - Вкупно 885.122 (проц. 2009)[1]
783.600 (2000)
 - Густина 170,87/км² (6. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка близу Ебрајт Азимут[2]
136,5 м
 - Најниска точка Атлантски Океан[3]
0 м
Влез во сојузот  7 декември 1787 (1)
Гувернер Рут Ен Минер (Д)
Сенатори Џозеф Р. Бајден, Џр. (Д)
Томас Р. Карпер (Д)
Делегација на конгресот
Часовен појас {{{часовен појас}}}
Кратенки DE Del. US-DE
Портал delaware.gov

Делавер, официјално Држава Делавер (англиски: Delaware или State of Delaware, англиски изговор: /ˈdɛləwɛər/  ( слушни)), е една од педесетте сојузни држави на САД која се наоѓа во источниот дел на САД. Името на државата доаѓа од англискиот благородник и првиот колониски гувернер на Вирџинија Томас Вест, трет барон Де Ла Вер[4]

Делавер се наоѓа на североисточниот дел од полуостровот Делмарва и е втората најмала држава во САД по површина, веднаш по Род Ајленд. Според податоците од 2007 година, Делавер се наоѓа на 45. место во САД по население, но на шесто место според густина на население.[5] Делавер е поделен на три окрузи, Њу Касл, Кент и Сасекс. Њу Касл е индустриска зона, додека другите два се земјоделски зони. Државата е втора по број на научници и инженери, како процент од работната сила и бројот на патенти регистрирани на компании или личности на 1000 работници.[6] Историјата на економскиот и индустрискиот развој на државата е тесно поврзан со влијанието на семејството ду Понт, основачи и потомци на E. I. du Pont de Nemours and Company, една од најголемите хемиски компании во светот.[7]

Пред доаѓањето на Европејците на брегот на Делавер, областа била населена од неколку староседелски народи, меѓу кои најзначајни биле Ленапе (познати и како Делавери) на северот и Нантикок на југот.. На почетокот бил колонизиран од холандски трговци во 1631 година, близу денешниот град Луис.[8] Делавер е една од тринаесетте колонии кои учествувале во Американската револуција и на 7 декември 1787 година станала првата држава која го ратифукувала уставот на САД, со што станала „Првата држава“, како што гласи нејзиниот прекар (The First State). Главен град на Делавер е Довер.

  1. „Annual Estimates of the Resident Population for the United States, Regions, States, and Puerto Rico: 1 април 2000 to 1 јули 2009“. United States Census Bureau. Посетено на 2009-12-30.
  2. http://www.udel.edu/dgs/Publications/pubsonline/info8.html
  3. „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. 2005. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 3 ноември 2006.
  4. „Delaware“. Online Etymology Dictionary. Посетено на 2007-02-24.
  5. http://www.census.gov/Press-Release/www/releases/archives/voting/011400.html
  6. „The State New Economy Index“. The Progressive Policy Institute (PPI). 2002. Архивирано од изворникот на 2010-08-29. Посетено на 2010-06-08.
  7. „Delaware Living History“. Архивирано од изворникот на 2009-05-08. Посетено на 2010-06-08.
  8. „State of Delaware (A brief history)“. Архивирано од изворникот на 2012-04-02. Посетено на 2010-06-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Координати: 39° СГШ 75.5° ЗГД