Даме-Шпревалд
Даме-Шпревалд Dahme-Spreewald | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Либен (Шпревалд) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2,261 км2 (873 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 178.967 | ||
• Густина | 79/км2 (210/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | LDS | ||
Мреж. место | dahme-spreewald.de |
Даме-Шпревалд (германски: Dahme-Spreewald) — округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Одра-Шпре, Шпре-Ниса, Горен Шпревалд-Лужица, Елба-Елстер и Телтов-Флеминг и со градот Берлин.
Историја
[уреди | уреди извор]Областа Шпревалд отсекогаш била центар на лужичката култура. Во средновековниот период градовите Либен и Лукау последователно биле главни градови на маркгрофовијата Долна Лужица. Од 1815 Долна Лужица била дел од Прусија. Во текот на 19 век областа останала претежно земјоделска и единствено во северниот дел (блузу Берлин) се случила одредена урбанизација.
Кога била основана покраината Бранденбург во 1990 биле основани окрузите Либен, Лукау и Кенигс Вустерхаузен, но во 1993 овие три окрузи биле споени.
Географија
[уреди | уреди извор]Реката Шпре влегува во округот во југоисточниот дел и излегува низ североисточниот. Пошумената област долж нејзините брегови се наречени Шпревалд. Шпревалд е најзападниот дел на Лужица. Особено градовите Либен и Либенау прекуваат многу туристи секоја година, нудејќи патувања со брод и можност за поминување на одморот во преубавата природа на Шпревалд.
Реката Даме е притока на Шпре. Создава многу езера во северниот дел на округот. Даме го напушта округот кон Берлин, каде понекогаш се користи за бродски трки. На крај се влева во Шпре.
Грб
[уреди | уреди извор]Градови и општини
[уреди | уреди извор]Слободни градови | Општински заедници | |
---|---|---|
|
||
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Даме-Шпревалд“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 10 мај 2020 г. (германски)
- Туристичка страница за Шпревалд (германски)
- Биосферен резерват Шпревалд (германски)
|
52°2′N 13°54′E / 52.033° СГШ; 13.900° ИГД
|