Градски парк (Оскарсхамн)
Градски парк Оскарсхамн | |
---|---|
Делот од паркот со спомен-камен на Ј.Ф. Хултенхајм. | |
Вид | градски парк |
Место | Оскарсхамн, Шведска |
Координати | 57°15′47″N 16°27′09″E / 57.26305° СГШ; 16.452606° ИГД |
Создаден | 19 век |
Стопанисувач | Општина Оскарсхамн |
Отворен | отворен преку цела година |
Градски парк Оскарсхамн (шведски: Stadsparken, Oskarshamn) - јавен парк во Оскарсхамн, на југоисток од Шведска. Паркот има урбана локација, јужно од центарот на градот.
Урбан парк
[уреди | уреди извор]Плановите за урбан парк се оформиле кратко откако Оскарсхамн ја добил својата градска повелба во 1856 година. Градскиот совет го откупил потребното земјиште во 1863-1864 година. Било купено од приватниот сопственик на земјиштето Јохан Фредрик Хултенхајм (Johan Fredrik Hultenheim). Во северниот дел на паркот денес има спомен-камен на Јохан Фредрик Хултенхајм.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Паркот првично бил формиран на трите тресетишта опкружени со карпи од гранит. Од издигнатите области во источниот парк има поглед кон пристаништето и околните води надвор од Оскарсхамн.
Северниот дел на паркот главно се состои од отворени тревници опкружени со широколисни дрвја, грмушки и различни видови цвеќиња. Во средината на паркот има јавно тениско игралиште. Во јужниот дел на паркот доминираат борови дрвја и ретка популација на бреза. Низ целиот парк има помали фонтани и езерца. Исто така има неколку бронзени статуи. Мрежа од патеки го прави паркот достапен за пешачење, џогирање и велосипедизам.
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- SKB - Статија Stadsparken i Oskarshamn (шведски)
- Hofrén, Manne (1956). Oskarshamn 1856-1956. AB Oskarshamns-Tidningen.