Горкиот чај на генералот Јен (филм)
„Горкиот чај на генералот Јен“ (англиски: The bitter tea of general Yen) - американски филм од 1933 година, во режија на Френк Капра, според сценариото на Грејс Заринг Стоун и Едвард Парамор Џуниор. Главните улоги ги играат: Барбара Стенвик, Нилс Астер и Тошија Мори и Волтер Коноли.
Содржина
[уреди | уреди извор]Американската мисионерка Меган Дејвис (ја игра Стенвик) пристигнува во Шангај за време на граѓанската војна, а за да се омажи со мисионерот д-р Роберт Страјф. Роберт ја одложува венчавката спасувајќи ги децата од местата каде што се водат борбите. Додека се враќаат во Шангај, Роберт и Меган случајно се одвојуваат. Притоа, Меган добива удар во главата, но ја спасува генералот Јен (го игра Астер) кој ја одведува во својата палата. Таму, Меган се спријателува со љубовницата на генералот, Ма-Ли (ја игра Мори) која ја обвинуваат дека на непријателот му дава доверливи информации. Меган го моли суровиот генерал за животот на Ма-Ли, а тој ја послушува бидејќи е вљубен во неа. Меѓутоа, Ма-Ли го предава генералот...[1] [2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „www.hrt.hr (пристапено на 15.6.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-16. Посетено на 2017-06-21.
- ↑ РТС, Горки чај генерала Јена (пристапено на 15.3.2021)