Прејди на содржината

Вршалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вршалка на рачен погон
Механизирана вршалка

Вршалка[1][2]земјоделска машина за вршење и чистење на житото, посакуваниот резултат што го произведува машината е одвојување на семето, односно зрната (во жита спаѓаат соја, лен, овес, пченица, 'рж итн.). Нуспроизвод на оваа постапка е сламата, односно лушпите од растенијата, на кои им е одземена целата нивна хранлива содржина. Денеска веќе не се користат вршалки, тие се заменети со комбајни.

Вршалките вообичаено биле подвижни на тркала, но имало и такви кои требало да се пренесуваат. Во почетокот тие биле погонувани од парни машини, подоцна од дизел-мотори, електромотори, а кон крајот со трактори.

Историја

[уреди | уреди извор]

Со вршалките земјоделците успевале да ја завршат вршидбата за неколку дена, додека претходно вршењето со чукала на гумно траело неколку недели. Од самиот почеток, големиот проблем било како да се добие доволно голема брзина, бидејќи биле потребни повеќе од 1000 вртежи за да се има добар учинок на вршењето. Првично, погонувањето се вршело рачно, потоа со со коњи или говеда, дури подоцна со парни машини, дизел и електромотори и на крајот со трактори.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]