Прејди на содржината

Винеке 4

Од Википедија — слободната енциклопедија
Винеке 4

Двоѕвездата Винеке 4
Положба на небото
Епоха J2000,0      Рамноденица J2000,0
Соѕвездие Голема Мечка
A
Рекстацензија 12ч 22м &1000000000012527800000012,5278с[1]
Деклинација +58° 4′ &1000000000005853900000058,539″[1]
Привидна величина (V)
B
Рекстацензија 12ч 22м &1000000000018998900000018,9989с[1]
Деклинација +58° 5′ &1000000000001036400000010,364″[1]
Привидна величина (V)
Особености
A
Спектрален тип K0 III[2]
B
Спектрален тип G0 V[2]
Астрометрија
A
Паралакса (π)2.87 ± 0.24[1] млс
Оддалеченост1.140 ± 100 сг
(350 ± 30 пс)
Апсолутна величина (MV)+0.88[2]
B
Паралакса (π)7.13 ± 0.24[1] млс
Оддалеченост460 ± 20 сг
(140 ± 5 пс)
Апсолутна величина (MV)+4.0[2]
Податоци
A
Маса1.1[2] M
B
Маса1.2[2] M
Други ознаки
M40, WNC 4, BD+56 1372, CCDM 12223+5805, WDS J12222+5805
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Винеке 4 (Winnecke 4, WNC 4) или Месје 40 (M40) — двоѕвезда во соѕвездието Голема Мечка.

Откриена е од францускиот астроном Шарл Месје во 1764 г. додека барал маглина спомената во списите на Јан Хавелиј. Не наоѓајќи маглина, Месје ја завел оваа двоѕвезда. Истата е повторно откриена од германскиот астроном Фридрих Август Теодор Винеке во 1863 г. и внесена во неговиот каталог на двоѕвезди под бр. 4. Американскиот астроном Роберт Бернам ја нарекол M40 „една од малкуте вистински грешки во Месјеовиот каталог“, критикувајќи ја Месјеовата одлука да ја стави во неговиот каталог, иако знаел дека не се работи за маглина.[3] Маглина која ја забележал Хавелиј веројатно била блиската спирална галаксија NGC 4290. Со сјајност од 12, галаксијата е доволно голема за да биде видлива со голем телескоп од тоа време, но не доволно сјајна за инструментот на Месје. Во 1991 г. е измерено дека составните делови на Винеке 4 се оддалечени 51,7", што значи дека растојанието меѓу нив во меѓувреме се зголемило. Податоците добиени од астрономите Брајан Скиф (2001) и Ричард Л. Нуџент (2002) укажале на тоа дека се работи за оптички двоец, а не физички поврзан систем.[2] Во 2016 г. направени се паралаксни мерења од леталото „Гаја“, со што е конечно утврдено дека двете ѕвезди од двоецот (HD 238107 и HD 238108) се сосема неврзани,[4] потврдувајќи ги претходните претпоставки. Оддалеченоста на објектите изнесува 350±30 и 140±5 парсеци, од кои подалечниот е двапати подалеку од поблискиот.[4]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Gaia Collaboration; Brown, A. G. A; Vallenari, A; Prusti, T; De Bruijne, J. H. J; Mignard, F; Drimmel, R; Babusiaux, C; Bailer-Jones, C. A. L; Bastian, U; Biermann, M; Evans, D. W; Eyer, L; Jansen, F; Jordi, C; Katz, D; Klioner, S. A; Lammers, U; Lindegren, L; Luri, X; O'Mullane, W; Panem, C; Pourbaix, D; Randich, S; Sartoretti, P; Siddiqui, H. I; Soubiran, C; Valette, V; Van Leeuwen, F; и др. (2016). „Gaia Data Release 1. Summary of the astrometric, photometric, and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 595: A2. arXiv:1609.04172. Bibcode:2016A&A...595A...2G. doi:10.1051/0004-6361/201629512.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Nugent, Richard L (2002). „The Nature of the Double Star M40“. Journal of the Royal Astronomical Society of Canada. 96: 63. Bibcode:2002JRASC..96...63N.
  3. Robert Burnham (1978). Burnham's Celestial Handbook: An Observer's Guide to the Universe Beyond the Solar System. Courier Corporation. стр. 1982. ISBN 978-0-486-23673-5.
  4. 4,0 4,1 Merrifield, M. R; Gray, M. E; Haran, B (2017). „Gaia Shows that Messier 40 is Definitely Not a Binary Star“. The Observatory. 137: 23. arXiv:1612.00834. Bibcode:2017Obs...137...23M.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001200000012ч &1000000000000002200000022м &1000000000000012500000012,5с, +&1000000000000005800000058° &1000000000000000400000004′ &1000000000000005900000059″