Валета
Валета | |||
---|---|---|---|
град и општина | |||
Местоположба на Валета во рамките на Малта | |||
Координати: 35°53′52″N 14°30′45″E / 35.89778° СГШ; 14.51250° ИГД | |||
Управа | |||
• градоначалник | Алексеј Дингли | ||
Површина | |||
• Вкупна | 0,8 км2 (3 ми2) | ||
Надм. вис. | 56 м | ||
Население (март 2011) | |||
• Вкупно | 6.966 | ||
Повик. бр. | 356 | ||
Мреж. место | Матична страница |
Валета (малт. Valletta) е главниот град на Малта, кој се наоѓа во најголемиот остров на истоимената држава.
Населението на Валета е околу 6315, според пописот од 2005 година. Градот е вклучен во 1980 година под УНЕСКО.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Официјалното име кое е дадено на градот било Humillima Civitas Valletta, т.е. град посветен на пониженоста, меѓутоа, поради своите бистиони и тврдини, заедно со убавината на барокните згради долж тесните улици, Валета станал познат и како Superbissima - „Величествена“ помеѓу владејачките куќи на Европа. На малтешки јазик тој обичаено се нарекува Il-Belt, што едноставно значи „град“.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Валета било населено уште во времето на праисторијата и било активно во стариот и среден век, но немало поголемо значење сè до 16 век.
Камен-темелникот на градот Валета го поставил поранешниот Голем мајстор Ред Свети Јован, Жан де ла Валет 28 март 1566 година. Ред (кој долго управивал со градот и островот) одличил да оснива нов град на полуостровот Шеберас веднаш по завршување на големата опсада на Малта. Дадениот полусторв бил средиште на динственото природно пристаниште на осрвотот, па ова бил клучен потег за зацврстување на положбата на островот.
Географија
[уреди | уреди извор]Релјеф: Валета е сместена на северната страна на островот Малта. Градот е стратегиски поставен во една поголемо природно пристаниште на островот Малта, кој има тешко пристапни брегови. Самиот град е во ѕидини на малиот полуостров Шеберас, кои го опкружуваат две природни пристаништа. Тлото на кое е изграден е прилично покретно, но и покрај тоа тука е ортогонална улична мрежа.
Клима: Валета, како и цела Малта, има средоземна клима со многу топли и суви лета и благи и дождливи зими. Средната годишна температура е 21°С.
Води: Валета и изразено приморски град, на полуостров со три страни опкружен со вода, кој го опкружуваат две природни пристаништа, Марсамшет и Големото пристаниште. Градот е најголемо пристаниште на Малта.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Целата Валета е сочуван во старите ѕидини и има во потполост сочуван дух од минатите времиња. Поради сето тоа градот е ставен на списокот на светска заштита на УНЕСКО.
Градот има неколку згради со извонредна историска важност, денес се на списокот на УНЕСКО на светска градина. Најзначајни згради се:
- Ко-катедралата на Свети Јован, поранешена манастирска црква на Малтешките витези,
- Палата Кастиљ (денес зграда на претседателот на владата),
- Градби кои витезите ги направиле за да го заштитат градот од напади,
- Палата на Големиот мајстор (денес седиште на малтешкиот парламент) и
- Национален музеј на убава уметност.
Демографија
[уреди | уреди извор]Населението на Валета според проценките од 2008 година било некаде преку 6.000 жители. Тоа е во постојано опаѓање во текот на последните неколку децении, и денес е само третина од некогашниот број. Овој процес посебно се забрзал по Втората светска војна кога младото население често се преселувало од пренатрпаниот град во околина на предградието, а самиот град останал седиште на трговските и управните дејности. Затоа градот и покрај својата величина и маленкост во однос на некои предградија денес е средиште на животот на оваа мала држава.
Култура
[уреди | уреди извор]Празникот Свети Павле од Терс се прославува во Валета на 10 февруари, додека се рпазници на Свети Доминик, Свети Августин и Нашиот Госпе од Кармел, кои се прославуваат во текот на цела година.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Јавниот сообраќај во Малта, кој користи автобуси, се одвива на линијата кон и од Валета, преку терминалот кој се наоѓа веднаш до велозт на градот. Сообраќајот во самиот град е ограничен, а некои од главните улици се потполно претворени во пешачки зони.
Спорт
[уреди | уреди извор]Валета е позната и по својот фудбалски клуб „ФК Валета“, еден од најдобрите клубови на островот.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Кокатедрала Свети Јован
-
Градската градина
-
Палатата на Големиот мајстор
-
Тритонова фонтана
-
Пристаништето на Валета
-
Ѕидините во Валета
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Валета“ на Ризницата ? |
- Жива историја на Валета (англиски)
|