Бричалка
Бричалка – вид предмет кој служи за отстранување на несаканите влакна од телото, особено од лицето. Постојат различни видови бричалки како што се трајните, еднократните и електричните бричалки.
Историја
[уреди | уреди извор]Одредени видови бричалки почнале да се користат на многу места уште во бронзеното време[1].
Тогаш веќе биле најдени и изделкани остри предмети со кои се отстранувале несаканите влакна. На почетокот, овие предмети најчесто биле од заби на некои животни, а со настанувањето на првите цивилизации бричалките се правеле од бакар, па дури и од злато.
После тоа за бричење се користеле посебни ножеви – бричови. Модерните бричалки какви што ги знаеме денес првпат се појавиле во XVIII и XIX век.
Видови бричалки
[уреди | уреди извор]Постојат повеќе различни видови бричалки кои се разликуваат по одредени особености. Основните видови се: брич, бричалка со жилет, еднократни бричалки и електрични бричалки
Брич
[уреди | уреди извор]Бричот е специјално направен нож наменет за бричење. Најмногу се користел до XX век. Денес го користат мал број луѓе, главно оние кои држат до традицијата и во специјалните берберници.
Брич со заменливо ноже
[уреди | уреди извор]Овој вид на бричалка е ист како и стандардниот брич, но наместо трајно сечило, има заменливо сечило – ноже, кое по абењето се менува.
Бричалка со ноже
[уреди | уреди извор]Овој вид на бричалки се појавил на почетокот на XX век. Има дршка и рамен дел во кој се вметнува тенко ноже – жилет. Ножето се менува после неколку бричења.
Подоцна ножињата, па и самата конструкција на овие бричалки се променети. Ножето е заменето со едно или повеќе нивоа на сечила монтирани на посебнa пластично-гумена подлога - патрон[2].
Еднократни бричалки
[уреди | уреди извор]По својата конструкција еднократните бричалки се слични со претходните. Единствена разлика е што оваа бричалка нема заменливи делови и после едно или повеќе бричења мора целосно да се фрли.
Електрични бричалки
[уреди | уреди извор]Електричните бричалки се најслични на електричните машини за стрижење. Основната разлика е во многу попрецизните и поостри ножиња. Исто така адаптибилноста е многу поситна кај електричните бричалки. И кај овие бричалки постојат подетални поделби, пред сè по начинот на движење на сечилата, како и по тоа дали имаат батерија или е неопходно мрежно напојување.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Бронзена бричалка од раното железно време
-
Бронзена бричалка
-
Бричалка (горе) и ноктарче со коскена дршка (долу) пронајдени во гроб од халштатската култура
-
Брич
-
Брич со заменливо ноже
-
Бричалка со заменлив патрон
-
Еднократна бричалка
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Spielvogel, Jackson (2005). World History. Mc Graw Hill. стр. 25. ISBN 0-07-860702-7.
- ↑ „Бричалки Вилкинсон“. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 2017-09-01.
|