Браничевски Округ
Изглед
Браничевски Округ Браничевски округ Braničevski okrug | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Округ во Србија | |||||||||||||||||
Слики од Браничевскиот Округ | |||||||||||||||||
Местоположба на Браничевскиот Округ во Србија | |||||||||||||||||
Држава | Србија | ||||||||||||||||
Статистички регион | Јужна и Источна Србија | ||||||||||||||||
Административно седиште | Пожаревац | ||||||||||||||||
Управа | |||||||||||||||||
• Градоначалник на округо | Александар Ѓокиќ | ||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||
• Вкупно | 3,865 км2 (1,492 ми2) | ||||||||||||||||
Население (попис во 2011) | |||||||||||||||||
• Вкупно | 180,480 | ||||||||||||||||
• Густина | 46,7/км2 (121/ми2) | ||||||||||||||||
ISO 3166 | RS-11 | ||||||||||||||||
Општини | 7 и 1 град | ||||||||||||||||
Населби | 189 | ||||||||||||||||
- Градови | 7 | ||||||||||||||||
- Села | 182 | ||||||||||||||||
Мреж. место | branicevski.okrug.gov.rs |
Браничевски Округ — округ кој се наоѓа во источниот дел на Република Србија. Вклучува град и општините:
- Град Пожаревац - градски населби: Костолац и Пожаревац (седиште)
- Општина Велико Градиште - седиште на градската населба Велико Градиште
- Општина Голубац - седиште на селската населба Голубац
- Општина Мало Црниќе - седиште на селската населба Мало Црниќе
- Општина Жабари - седиште на селската населба Жабари
- Општина Петровац на Млави - седиште на градот Петровац на Млави
- Општина Кучево - седиште на градската населба Кучево
- Општина Жагубица - седиште на селската населба Жагубица
Седиште на округот е градот Пожаревац, позната раскрсница, низ која и денес водат бројни сообраќајници. Има вкупно население од 183.625 (попис од 2011 година).
Во средината на 19 век, во времето на независноста на српската држава, Пожаревац станал, покрај Крагуевац, вториот главен град на кнезот Милош Обреновиќ. За време на неговиот живот, кнезот Милош Обреновиќ си подигнал споменици во Пожаревац:
- Соборна црква (1819 ), конак - дворец (1825)
- Нова чаршија (1827) и
- Ергеле Љубичево (1860).
Културни знаменитости на Браничевскиот Округ се:
- Виминациум, Костолац
- Народен музеј во Пожаревац (прв изграден по Белград)
- Етно парк Тулба (уникатен музеј во природа)
- Галерија на слики од Милена Павловиќ-Барили (познати сликари и поетеса на надреализмот)
- Манастирите Рукумија, Сестрољин. Туман, Брадача, Заова, Горњак, Витовница, Нимник
- Град Голубац, општина Голубац
- Краку лу Јордан, с. Волуја СО Кучево
Природните знаменитости на Браничевскиот Округ се:
- пештери во општина Кучево: Церемошња, Пештера Равништарка, Дубочка пештера, Шевичка пештера
- извор на река Млава, Жагубица
- Крупајско врело, Крепољин
- Горњачка Клисура
Стопанските капацитети на овој округ се концентрирани во близина на градовите Пожаревац и Костолац.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|