Бохајско Море
Изглед
38°43′N 119°54′E / 38.72° СГШ; 119.90° ИГД
Бохајското Море (кин. 渤海, пинјин: Bó Hǎi), наречено и Бохајски Залив е највнатрешната заливска област на Жолтото Море, околу крајбрежјето на североисточна Кина. Зафаќа површина од околу 78.000 км2 и претставува една од најпрометните водни површини во светот поради релативната близина до Пекинг.
Историја
[уреди | уреди извор]Сè до почетокот на XX век, заливот се нарекувал Чили (直隸, Zhílì) или Печили 北直隸, Běizhílì). Ова се имиња на некогашните покраини во областа.
Географија
[уреди | уреди извор]Бохајското Море се граничи со полуостровите Љаодунг и Шандунг. Во последно време ова е еден од најпрометните морски патишта во светот. Бохајското Море има три помали залива: Лајџоу (јужно), Љаодуншкиот Залив (северно) и истоимениот Бохајски Залив (западно).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бохајско Море“ на Ризницата ? |
- Извештаи на УНЕП - Утврдување на области: Бохајско Море Архивирано на 28 јули 2010 г. (англиски)