Прејди на содржината

Боби Хелмс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боби Хелмс
Боби Хелмс во 1968
Животописни податоци
Родено имеРоберт Ли Хелмс
Роден(а)август 15, 1933(1933-08-15)
Блумингтон, Индијана, САД
Починал(а)19 јуни 1997(1997-06-19) (возр. 63)
Мартинсвил, Индијана, САД
Жанрови
ЗанимањаПејач
Инструменти
  • Пеење
  • гитара
Период на активност1942–1997[2]
ИздавачиDecca, Columbia, Vocalion

Роберт Ли Хелмс (англ. Robert Lee Helms; 15 август 1933 – 19 јуни 1997), естрадно познат како Боби Хелмс ― американски кантри-пејач, најпознат по неговиот божиќен хит „Jingle Bell Rock“ од 1957 година.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Роберт Ли Хелмс е роден во 1933 година во Блумингтон, Индијана. [3] [4] Тој започнал да настапува во дуо со неговиот брат Фреди, пред да продолжи со успешна соло-кариера во кантри-музиката. Во 1956 година, Хелмс се преселил во Нешвил, каде што потпишал договор за снимање со Decca Records. Следната година објавил неколку успешни песни. Неговиот прв сингл во 1957 година, насловен „Fraulein“, се искачил на прво место на топ-листата за кантри-музика и се пласирала во топ-40 на топ-листата за најпродавани синглови на Билборд. Подоцна истата година, тој го издал синглот „My Special Angel“, кој исто така завршил на прво место на кантри-топ-листата, а влегол во топ-10 на топ-листата за поп-музика од списанието Билборд.[5]

Неговата песна „Jingle Bell Rock“, издадена во ноември 1957 година и продуцирана од Пол Коен[6] станала голем хит [7] на која веќе во средината на декември се танцувало на тинејџерското танцово шоу од Дик Кларк American Bandstand. Песната повторно се појавила на топ-листите во четири од следните пет години и станала божиќен класик која се пушта и денес. Според StationIntel, песната е трета најемитувана божиќна песна на радио.[8]

Во следните три децении Хелмс продолжил со снимање музика и турнеи. Бил примен во Куќата на славните на рокабили-музиката за неговиот придонес во овој жанр.

Хелмс страдал од емфизем, астма, дијабетес и стомачни проблеми. Починал на 19 јуни 1997 година од компликации од емфизем, на 63-годишна возраст.[9]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Избрани албуми

[уреди | уреди извор]
  • Sings to My Special Angel (Decca, 1957)
  • I'm the Man (Kapp, 1966)
  • Sorry My Name Isn't Fred (Kapp, 1966)
  • All New Just for You (Little Darlin', 1968)
  • Pop-a-Billy (MCA, 1983)
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 McDaniel, Randy (February 3, 2017). „Whatever Happened to Classic Country Star Bobby Helms?“. KXRB. Посетено на October 11, 2018.
  2. Andrew Crowley. 'My Special Angel': Son and grandson of Bobby Helms perform tribute concerts“. The Hoosier Times.
  3. Bush, John. „Bobby Helms Artist Biography“. allmusic.com. Посетено на 15 August 2013.
  4. Wonning, Paul R. „A Year of Indiana History - Book 1: 366 Indiana History Stories“. Mossy Feet Books. стр. 376.
  5. Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 92. ISBN 0-214-20512-6.
  6. Decca Records
  7. Lindquist, David. Jingle Bell Rock cemented legacy for Hoosier Bobby Helms“. IndyStar.com. The Indianapolis Star. Посетено на 5 December 2012.
  8. „All-Christmas Stations Start Strategy With Classics“. Insideradio.com. 9 December 2016.
  9. Doc Rock. „The Dead Rock Stars Club 1996 - 1997“. Thedeadrockstarsclub.com. Посетено на 2015-08-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]