Прејди на содржината

Битка кај Гвадалета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Гвадалета
Дел од Маварско освојување на Пиринејскиот Полуостров

Визиготско повлекување пред берберската коњаница, како што е прикажано од Салвадор Мартинес Кубелс (1845–1914)
Датум 711 или 712
Место кај реката Гвадалета,на јужниот дел од Иберијскиот полуостров
Исход Победа на муслиманите
Завојувани страни
Визиготско кралство Умајади
(Арапи и Бербери,
можеби и неколку
Иберски Евреи)
Команданти и водачи
Родерик  Тарик Ибн Зијад
Сила
100,000

33,000 (Lewis)
~2,500 (Collins)

187,000 (Christian sources)

12,000 (Lewis)
~1,900 (Collins)

Жртви и загуби
Непознато, Непознато

Битката кај Гвадалета се одвила на 19 јули 711 година на реката Гвадалета на јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров. Оваа битка била одлучувачка за муслиманските Арапи и Маври, кои по победата над Визиготите и невниот крал Родерик успеале да воспостават контрола во следните години во поголемиот дел од полуостровот. Претходно, маварската инвазија во Шпанија започнала на 30 април 711 година.

Кралот Родерик на чело на Визиготското кралство дошол во 709 година. По неговиот преврат истата година, службениците на претходниот крал Битиз побегнале кон Северна Африка каде склопиле сојуз со гувернерот Јулијан Сеутски, а по ова побарале помош од Маврите.

Маварската инвазија на полуостровот започнала на 30 април 711 година со околу 1.700 војници на чело со Тарик Ибн Зијад. Подоцна му се приклучила и поголема војска, зазимајчи ја Картагина. Наспроти ова, во внатрешноста на христијанското кралство владеела граѓанска војна на северот. По веста дела Маврите навлегуваат на полуостровот, кралот Родерик веднаш со својата војска се упатил кон југ. Така, во јули 711 година се одвила една од најзначајните битки во историјата на Европа.

На едната страна војската на муслиманите била предводена од Тарик Ибн Зијад, а на другата од Родерик. Муслиманскта војска броела околу 7.000 војници, а христијанската околу 25.000. И покрај тоа што визиготската вјска била побројна, главно поради несогласувањата на династиите во кралството, по започнувањето на битката голем дел од армијата побегнала. Така, муслиманите на крај излегле победници.

Последици

[уреди | уреди извор]

Визиготското кралство било крајно неорганизирано во оваа битка. Веќе во следната година, Муса Ибн Нусаир испратил дополнителни 12.000 војници од Северна Африка за да го освојат полуостровот. Тоа можеби не во целост, но му успеало по пет години. По распаѓањето на кралството на Визиготите биле формирани повеќе кралства, на почетокот Кралство Астурија.