Банка на Америка
Банка на Америка (англиски: Bank of America) — американска банка и финансова корпорација.
Историјат
[уреди | уреди извор]Организациска структура и менаџмент
[уреди | уреди извор]Банката има разделена корпоративна хиерархија. Разделената хиерархија е рапространета во различни секции службата на банката, како во трговијата на мало, во комерцијалниот дел, во делот за инвестирање и делот на управување со средства. Според разделената организациската хиерархија, во голем дел од банката постојат и полуавтономни тела. Овие помали групи се доделуваат на одредена област на услуги. Секоја полуавтономна група има по еден извршен директор или заменик-претседател на таа единица. Врвот на извршната власт на секој посебен дел управува само општите активности, како што се вработување и буџетирање само на тој конкретен дел.
Разделената корпоративна хиерархија која се среќава кај Банкта на Америка има повеќе предности. Сите делови работат добро, бидејќи тие се фокусирани на одредени специфични задачи. Ова помага во зголемување на продуктивноста на секој дел, што во крајна линија се сведува на продуктивноста на организацијата. Бидејќи секој организационен дел има свој извршен директор кој има пристап до повисокото раководство на банката, тоа овозможува поефикасно користење на ресурсите на банката. Корпоративната хиерархија во банката ја има следнава форма:[1]
- Главен извршен директор (Chief Executive Officer, CEO)
- Директор за глобална технологија и операции
- Главен оперативен директор
- Директор за глобална стратегија и маркетинг
- Директор за човечки ресурси
- Директор за управување со ризици
- Првен извршен директор
- Генерален корпоративен ревизор
- Заменик-оперативен директор
- Генерален директор за управување со средства
- Извршен директор за финансии
Финансиски активности
[уреди | уреди извор]Управување со ризиците
[уреди | уреди извор]Финансиски извештаи и резултати
[уреди | уреди извор]На крајот од декември 2014 година, Банката на Америка имала вкупни средства (вкупна актива) од 2.104.534.000.000 долари, што претставувало мало зголемување во однос на 2013 година, кога вкупната актива изнесувала 2.102.273.000.000 долари. Притоа, во 2014 година, најголем дел од активата заземала ставката „кредити и лизинг“, со вредност од 881.391.000.000 долари, а потоа следувале портфолиото од должнички хартии од вредност (380.461.000.000 долари) и останатите средства (334.904.000.000 долари). Вкупните обврските на банката изнесувале 1.861.063.000.000 долари, а убедливо најголемо учество имале депозитите, кои изнесувале 1.118.936.000.000 долари, по што следувале долгорочните кредити, со износ од 243.139.000.000 долари. Најпосле, на крајот на 2014 година, Банката на Америка имала акционерски капитал од 243.471.000.000 долари.[2]
Според податоците од билансот на успех на Банката на Америка за 2014 година, нето-приходите од камати изнесувале 40.821 милиони долари; некаматните приходи изнесувале 44.295 милиони долари, а некаматните расходи биле 75.117 милиони долари. Оттука, во 2014 година, банката остварила добивка по оданочување во износ од 4.833 милијарди долари. Во 2013 година, нето-добивката (добивката по оданочување) изнесувала 1.349 милијарди долари; нето-каматните приходи биле 43.124 милиони долари; некаматните приходи биле 46.677 милиони долари; а некаматните расходи изнесувале 69.214 милиони долари. Добивката по акција во 2014 година изнесувала 0.36 долари, за разлика од 0.94 долари во 2013 година.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Хиерархиска структура на Банката на Америка (пристапено на 30.10.2015)
- ↑ „Финансиски извештаи на Банката на Америка (пристапено на 30.10.2015)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-15. Посетено на 2015-11-09.
- ↑ „Финансиски извештаи на Банката на Америка (пристапено на 30.10.2015)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-15. Посетено на 2015-11-09.