Прејди на содржината

Атанасиј V Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанасиј V Цариградски
Вселенски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Редови
Чинпатријарх
Лични податоци
Роден?
Крит, Грција
Починал?
НационалностГрк

Атанасиј V — грчки духовник и вселенски патријарх од 1709 до 1711 г.

Роден е на Крит. Се школувал во Хале, Саксонија, каде се истакнал по широката наобразба, познавањето јазици (латински и арапски, и продлабоченото познавање на црковната музика. Првично владикувал како великотрновски митрополит, а во 1693 г. и како одрински.

По симнувањето на патријархот Кипријан и неговото изгонување на Света Гора, на негово место е поставен Кирил IV. Ова не ѝ одговарало на турската власт, па на престолот е поставен Атанасиј, по барање на големиот везир Али-паша Чорлолу. Додека бил на престолот постоеле сомневања дека ѝпокажува бил наклонет на римокатоличката црква.[1].

На 4 декември 1711 г. Атанасиј е симнат од престолот и повратен е Кирил. Оттгаш, па сè до смртта се посветил на учењето и зад себе оставил важно дело за црковната музика.

  1. Steven Runciman (2010). Η Μεγάλη Εκκλησία εν αιχμαλωσία. Εκδόσεις Γκοβόστη. стр. 272. ISBN 9789604461301.

Литература

[уреди | уреди извор]


Претходник
Кипријан
Цариградски патријарх
1709-1711
Наследник
Кирил IV