Астероид од типот S
Астероиди од типот S — астероид од спектрален тип кој се одликува со силициум-диоксиден (каменест) минералошки состав. Околу 17 % од астероидите се од овој тип, што ги прави втори по застапеност по јаглеродните (тип C).
Особености
[уреди | уреди извор]Ваквите астероиди обично имаат албедо од 0,20[1] и се умерено сјајни, сочинети претежно од железни и магнезиумски силикати. Преовладуваат во внатрешниот дел на астероидниот појас во рамките на 2,2 ае, а чести во средиштето на појасот до 3 ае, но понатаму стануваат поретки. Најголем е 15 Евномија (широк 330 км), по што следат 3 Јунона, 29 Амфитрита, 532 Херкулина и 7 Ирида. Најголемите од нив се видливи со двоглед 10×50; насјајниот (7 Ирида) понекогаш надминува +7,0 во сјајност, што му дава најголема величина од сите астероиди освен необично отсјајната 4 Веста.
Нивниот спекатар има умерено стрмна косина на бранови должини помали од 0,7 микрометри (μм), со умерени до слаби впивни особини околу 1 и 2 μм. Впивноста од 1 μм го означува присуството на силикати (каменест минерали). Наретко има широка, но плитка впивна особина сосредоточена околу 0,63 μм. Составот на овие астероиди е сличен на низа каменести метеорити кои делат слични спектрални особености.
Класификација
[уреди | уреди извор]Класифијација по SMASS
[уреди | уреди извор]Во класификацијата по SMASS, неколку начелно „каменести“ типови на астероиди се ставаат заедно во поширока група S, опфаќајќи ги следниве типови:
- Тип A
- Тип K
- Тип L
- Тип Q
- Тип R
- „јадрен“ тип S за астероиди со спектри најтипични за групата S
- Типови Sa, Sk, Sl, Sq и S кои опфаќаат преодни тела меѓу јадрениот тип S и типовите A, K, L, Q и R. Целиот склоп на S-астероиди е спектарски посебен од јаглеродната група C и често металната група X.
Толенова класификација
[уреди | уреди извор]Во Толеновата класификација, типот S е мошне широка група која ги содржи сите типови од групата по SMASS освен A, Q и R, кои имаат особено изразени „каменести“ впивни особини околу 1 μм.
Каменести астероидни семејства
[уреди | уреди извор]Поважни каменести астероидни семејства со нивните типични албеда се:[1]
- Евномиино семејство (0,21)
- Еосово семејство (0,14)
- Коронидино семејство (0,24)
- Нисино семејство (0,20)
- Флорино семејство (0,24)
- Фокеино семејство (0,23)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Asteroid Lightcurve Database (README) – 2. Taxonomic Class, orbital class, and albedo“. LCDB. Архивирано од изворникот на 2021-03-10. Посетено на 16 февруари 2018.
Извори
[уреди | уреди извор]- Bus, S. J.; Binzel, R. P. (2002). „Phase II of the Small Main-belt Asteroid Spectroscopy Survey: A feature-based taxonomy“. Icarus. 158 (1): 146–177. Bibcode:2002Icar..158..146B. doi:10.1006/icar.2002.6856.
|
|