Прејди на содржината

Андре де Монбар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Андре де Монбар

Андре де Монбар (околу 1103- 17 јануари 1156) бил петтиот Голем мајстор на витешкиот ред темплари и еден од новите основачи на редот.

Семејството Монбар било од Хохадел од Бургундија, а Андре бил вујко на светиот Бернар од Клерво. Всушност, Андре бил полубрат на Бернардовата мајка Алет де Монбар[1] . Тој влегол во редот на темпларите во 1129 година и заминал во Палестина каде што брзо се пробил во витешките редови и станал сенешал, главен помошник и втор во командата на темпларите, веднаш по Големиот мајстор. По Битката кај Аскалон, на 22 август 1153, тој бил избран за Голем мајстор, наследувајќи го убиениот и обезглавен Бернард де Тремелеј којшто умрел на 16 август.

Андре де Монбар умрел на 17 јануари 1156 година во Ерусалим, а за негов наследник на функцијата Голем масјтор бил избран Бертран де Бланшфор.

  1. Read, Piers Paul (1999). The Templars. стр. 101.
Претходник
Бернар де Трамелеј
Голем мајстор
11531156
Наследник
Бертран де Бланшфор