Андреј Панин
Андреј Панин | |
---|---|
Роден(а) | Андреј Владимирович Панин |
Починал(а) | 6 март 2013 Москва |
Занимање | глумец |
Активен | 1991 – 2013 |
Андреј Панин (руски: Андрей Владимирович Панин, роден на 28 мај 1962 во Новосибирск - 6 март 2013 во Москва[1]) — руски глумец.
Андреј Панин е роден 28 мај 1962 година во Новосибирск. Две години подоцна, семејството се преселило во Челабинск. Потоа, кога Андреј наполнил шест години се преселиле во Кемерово, каде што живеел до своите шеснаесет години.
Во Кемерово, дипломирал на Институтот за култура. Некое време поминал во театарот во Минусинск. Во 1991 година дипломирал на Московски уметнички театар, во студиото на Александар Калјагин, а подоцна и во стидиото на Олег Табаков.
Една од првите улоги во филм, Андреј Панин ја одиграл во "На линија" во 1992 година. Својата слава ја стекнал во филмовите: Мама, не горюй (Мајко, не плачи), 24 часа, Каменскаја, Мајка и други. Својот врв го постогнал по учеството во криминалната серија Бригада.
Последниот проект во кој учествувал бил во телевизискиот сериски филм "Шерлок Холмс", во кој ја исполнувал улогата на доктор Вотсон.
Андреј Панин бил татко на три деца. Од неговиот прв брак со економистот Татјана[2] имал една ќерка а од неговиот втор брак со Наталија два сина.
Смрт
[уреди | уреди извор]Телото на познатиот руски глумец Андреј Панин било откриено со повреда на главата во неговиот дом во југозападна Москва. Причината за неговата смрт сè уште не е позната дали настанала од повреда на главата при паѓање или од мозочен удар.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Andrei Panin found dead in flat Архивирано на 13 мај 2013 г., Voice of Russia - UK Edition
- ↑ „Андрей Панин: «Женщины любят негодяев»“. Молодёжная линия (руски). kostroma.edu.ru. 3 мај 2007. Архивирано од изворникот на 2019-11-25. Посетено на 2013-02-24.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|