Андреј Амадор
Амадор на Тур де Франс 2011 | ||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Андреј Амадор Биказакова | |||||||||||
Роден | 29 август 1986 Сан Хосе, Костарика | |||||||||||
Висина | 1,80 м | |||||||||||
Маса | 73 кг | |||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||
Мом. клуб | Мовистар Тим | |||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||
Улога | возач | |||||||||||
Вид на возач | специјалист за искачување | |||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||
2005–2006 2006 2007–2008 | БКР-Пица Хат-КХС Виња Мања-Кропу Лицарте | |||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||
2009– | Кес д’Епарњ | |||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||
| ||||||||||||
| ||||||||||||
Последна промена 30 април 2019 |
Андреј Амадор Биказакова (шпански: Andrey Amador Bikazakova; р. 29 август 1986 во Сан Хосе) — костарикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Неговата прабаба од таткова страна е Шпанка, додека неговата мајка е Русинка, имигрант која пристигнала во земјата откако го сретнала и се омажила за неговиот татко, Костариканец. Започнал со велосипедизам на возраст од 20 во 2006.[2] Амадор бил избран да го носи знамето за Костарика на церемонијата за отворање на Панамериканските игри 2011.[3] Најголема специјалност на Амадор е искачувањето, но исто така тој е добар спустач. Тој е првиот Костариканец кој некогаш возел на Тур де Франс. Во 2012, Амадор ја освоил планинската етапа 14 на Џиро д’Италија, каде завршил како 29. во генералниот пласман. Во 2013, завршил на осмото место на Тирено-Адријатико.
На Џиро д’Италија 2016, Амадор ја носел розовата маичка по тринаесеттата етапа. Станал првиот Костариканец кој водел на некоја голема трка.[4]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2007
- 1. Етапа 5 Трка околу Навара
- 2008
- 1. Пролог Тур де л’Авенир
- 1. Вуелта ал Бидасоа
- 2011
- 4. Вуелта а Ла Риоха
- 2012
- 1. Етапа 14 Џиро д’Италија
- 4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 2013
- 8. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 10. Гент-Вевелгем
- 2014
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 6. Краен пласман Трка околу Полска
- 10. Краен пласман Тур ду От Вар
- 2015
- 3. Светско првенство во екипен хронометар
- 4. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Екипен пласман Вуелта а Еспања
- 2016
- 8. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2017
- 5. Трофео Сера де Трамунтана
- 2018
- 1. Класика Примавера
- 9. Краен пласман Вуелта а Андалусија
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 41 | — | 29 | — | 110 | 4 | 8 | 18 | — |
Тур | — | 166 | — | 54 | — | — | — | 87 | 50 |
Вуелта | — | — | — | — | 30 | 40 | — | — | 93 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Movistar Team launches 2019 season with highest hopes“. Telefónica. Telefónica, S.A. 18 декември 2018. Посетено на 3 јануари 2019.
- ↑ Ортиз де Гвинеа, Оскар (14 март 2007). „From Costa Rica to Pamplona, to see it snow“. Noticias de Gipuzkoa (шпански). Доностија-Сан Себастијан, Шпанија. Архивирано од изворникот 2007-03-20. Посетено на 2012-05-20.
- ↑ Andrey Amador sera el abanderado en los Juegos Panamericanos – 2011 Архивирано на 28 март 2012 г. (шпански)
- ↑ „Giro d'Italia: Andrey Amador takes overall lead as Mikel Nieve wins stage 13“. BBC Sport. Посетено на 20 мај 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Андреј Амадор“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Андреј Амадор“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Андреј Амадор“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Андреј Амадор“. ProCycling.
|
- Родени во 1986 година
- Костарикански велосипедисти
- Костариканци со руско потекло
- Костариканци со шпанско потекло
- Луѓе од Сан Хосе (Костарика)
- Костарикански етапни победници на Џиро д’Италија
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Костарика
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016