Андреас Херцог
Андреас Херцог | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 10 септември 1968 | ||
Роден во | Виена, Австрија | ||
Држава | Австрија | ||
Висина | м | 1,79||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Сегашен клуб | Израел (селектор) | ||
Повлекување | 10 ноември 2004 - како играч | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1986-1992 | Рапид Виена | 85 | (20) |
1988 | → Ферст Виена | 7 | (3) |
1992-1995 | Вердер Бремен | 94 | (26) |
1995-1996 | Бајерн Минхен | 28 | (2) |
1996-2001 | Вердер Бремен | 142 | (31) |
2002-2003 | Рапид Виена | 41 | (4) |
2004 | Лос Анџелес Галакси | 27 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
1988-2003 | Австрија | 103 | (26) |
Раководител на екипите | |||
2005 | Австрија (вд) | ||
2008-2009 | Австрија (асистент) | ||
2009-2011 | Австрија 21 | ||
2011-2016 | САД (асистент) | ||
2015-2016 | САД 23 | ||
2018– | Израел | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Андреас "Анди" Херцог (роден на 10 септември 1968 во Виена) — австриски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Во моментов тој е селектор на израелската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Виена, Херцог ја започнал својата кариера во еден од австриските фудбалски гиганти Рапид Виена. Во сезоната 1987–1988 тој бил позајмен на градскиот соперник Ферст Виена, каде постигнал гол во секој од неговите први три натпревари за клубот. Откако овој потег се покажал како успешен тој наскоро бил повикан назад во Рапид за почетокот на сезоната 1988-1989. Во следните четири сезони тој успеал да изгради свое име во клубот како важен играч, па дури и капитен со одиграни речиси 150 натпревари и преку 30 голови до сезоната 1991-1992.
Во летото 1992, Херцог се преселил во германскиот Вердер Бремен со кој веќе во првата сезона ја освоил Бундеслигата, а една година подоцна во сезоната 1993-1994 и Купот на Германија. По три одиграни сезони во Вердер, откако Херцог ја докажал својата класа и во германската Бундеслига во летото 1995 заедно со својот тренер Ото Рехагел се преселиле во Бајерн Минхен. Во својата прва и единствена сезона кај баварците, Херцог го освоил Купот на УЕФА пред да се врати во Вердер за сезоната 1996-1997.[1][2] Тој одиграл уште 5 и пол сезони во бременскиот клуб, освојуваќи уште еден Куп на Германија во сезоната 1998-1999.[3] Во сезоната 2001-2002 кога бил под закана да го загуби местото во почетната постава на зелено-белите од унгарецот Кристијан Листеш, Херцог одлучил да го напушти клубот во зимската пауза и да се врати во својата родна Австрија.
Во јануари 2002 Херцог се вратил во својот матичен клуб во кој поникнал, Рапид Виена. Во 2004 година, тој потпишал едногодишен договор со клубот од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси. Под водството на тренерот Зиги Шмид, Херцог играл добро до средината на сезоната кога настапила и тренерската промена со што и минутите на Херцог на теренот драстично се намалиле.
На 10 ноември 2004, Херцог го објавил своето повлекување од професионалната фудбалска играчка кариера.[4]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за австриската репрезентација го направил во април 1988 во пријателски натпревар против Грција во Атина. Тој ја претставувал својата репрезентација на две Светски првенства во 1990 и 1998. На Светското првенство 1998, тој исто така успеал да постигне еден погодок во последниот натпревар од групната фаза против Италија во поразот со 2-1.
Во мај 2002 во пријателскиот натпревар против Германија тој го одиграл својот 96-ти натпревар за репрезентацијата со што го надминал Антон Полстер, како играч во австриската репрезентација со најмногу настапи на сите времиња. Со својте 103 настапи и 26 гола тој и денес е играчот со најмногу настапи за австриската репрезентација. Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл во април 2003 во пријателска средба против Шкотска.
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Од 30 септември 2005 до 31 декември 2005 бил назначен како привремен тренер на австриската репрезентација, заедно со Вили Рутенштајнер и Славко Ковачиќ. На 1 јануари 2006, тој станал помошник на селекторот Јозеф Хикерсбергер, кој тогаш ја преземал селекторската функција во австриската репрезентација. На 4 март 2008 бил назначен за селектор на австриската репрезентација под 21 година.
На 17 декември 2011 ја напуштил оваа функција, за да стане помошник на Јирген Клинсман на клупата на репрезентацијата на САД. На 23 јанурари 2015, Херцог бил назначен за селектор на олимписката репрезентацијата на САД.[5]
На 1 август 2018, Херцог ја преземал селекторската функција во израелската репрезентација.[6]
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 18 октомври 2018.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1986-1987 | Рапид Виена | АБЛ | 4 | 0 | КА | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 |
1986-јан. 1987 | АБЛ | 5 | 0 | КА | 0 | 0 | КШ | 0 | 0 | СА | 0 | 0 | 5 | 0 | |
јан. - јун. 1988 | Ферст Виена | АБЛ | 7 | 3 | КА | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 7 | 3 |
1988-1989 | Рапид Виена | АБЛ | 34 | 8 | КА | 0 | 0 | КШ | 2 | 0 | СА | 0 | 0 | 36 | 8 |
1989-1990 | АБЛ | 27 | 8 | КА | 1 | 0 | КУ | 6 | 0 | - | - | - | 34 | 8 | |
1990-1991 | АБЛ | 30 | 6 | КА | 1 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 33 | 6 | |
1991-1992 | АБЛ | 33 | 11 | КА | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 11 | |
1992-1993 | Вердер Бремен | БЛ | 33 | 10 | КГ | 3 | 1 | КПК | 3 | 0 | СУ | 2 | 0 | 41 | 11 |
1993-1994 | БЛ | 30 | 6 | КГ | 4 | 2 | ЛШ | 8 | 0 | СГ | 1 | 0 | 43 | 8 | |
1994-1995 | БЛ | 31 | 10 | КГ | 1 | 0 | КПК | 3 | 0 | СГ | 1 | 0 | 36 | 10 | |
1995-1996 | Бајерн Минхен | БЛ | 28 | 2 | КГ | 2 | 0 | КУ | 7 | 2 | - | - | - | 37 | 4 |
1996-1997 | Вердер Бремен | БЛ | 29 | 15 | КГ | 3 | 0 | ИК | 4 | 2 | - | - | - | 36 | 17 |
1997-1998 | БЛ | 18 | 4 | КГ | 2 | 0 | ИК | 4 | 2 | - | - | - | 24 | 6 | |
1998-1999 | БЛ | 27 | 3 | КГ | 4 | 0 | ИК+КУ | 2+3 | 1+2 | - | - | - | 36 | 6 | |
1999-2000 | БЛ | 27 | 6 | КГ | 5 | 0 | КУ | 9 | 2 | - | - | - | 41 | 8 | |
2000-2001 | БЛ | 32 | 2 | КГ | 1 | 1 | КУ | 6 | 1 | - | - | - | 39 | 4 | |
2001-јан. 2002 | БЛ | 9 | 1 | КГ | 0 | 0 | ИК | 2 | 1 | - | - | - | 11 | 2 | |
Вкупно Вердер Бремен | 236 | 57 | 23 | 4 | 44 | 11 | 4 | 0 | 307 | 72 | |||||
јан. - јун. 2002 | Рапид Виена | АБЛ | 12 | 1 | КА | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 13 | 1 |
2002-2003 | АБЛ | 29 | 3 | КА | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 3 | |
Вкупно Рапид Виена | 174 | 37 | 5 | 0 | 10 | 0 | 0 | 0 | 189 | 37 | |||||
2004 | Лос Анџелес Галакси | МЛС | 27+1[7] | 4 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 28 | 4 |
Вкупно во кариерата | 473 | 103 | 30 | 4 | 61 | 13 | 4 | 0 | 568 | 120 |
Титули
[уреди | уреди извор]Рапид Виена
[уреди | уреди извор]- Австриска Бундеслига (1) : 1986–1987
Вердер Бремен
[уреди | уреди извор]- Бундеслига (1): 1992–1993
- Куп на Германија (2) : 1993–1994, 1998–1999
Бајерн Минхен
[уреди | уреди извор]- Куп на УЕФА (1) : 1995–1996
- Поединечни
- Австриски фудбалер на годината (1) : 1992
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Advantage to Bayern“. The Independent. 2 May 1996. Посетено на 13 September 2014.
- ↑ „Bayern Munich wins UEFA Cup“. Associated Press. 15 May 1996. Посетено на 13 September 2014.
- ↑ Arnhold, Matthias (9 June 2016). „Andreas Herzog - Matches and Goals in Bundesliga“. RSSSF. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „Galaxy's Herzog retires“. Lodi News-Sentinel. Google News Archive. 11 November 2004. Посетено на 14 September 2014.
- ↑ http://www.ussoccer.com/stories/2015/01/23/13/21/150123-u23mnt-herzog-named-coach
- ↑ „Andreas Herzog wird Nationaltrainer in Israel“. Der Kurier (германски). 1 August 2018. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ 1 настап во МЛС плејофот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Андреас Херцог“ на Ризницата ? |
- Андрас Херцог на soccerway
- Андрас Херцог на transfermarkt
- Андрас Херцог на espn
- Андрас Херцог на whoscored Архивирано на 24 октомври 2020 г.