Во средниот век, Рудните Планини биле речиси ненаселени и покриени со густи шуми. Градовите Анаберг и Буххолц (споени во 1945 да го создадат Анаберг-Буххолц) биле основани на крајот на XVI век, поради откривањето на рудите сребро и калај. Па така, луѓето од саксонските низини се преселиле во планините и основале многу мали градови и села.
Округот Анаберг бил основан во 1874 година.
Округот Анаберг станал дел од новиот округ Рудни Планини на 1 август 2008 година. Округот Рудни Планини се состои од поранешните окрузи Анаберг, Штолберг, Ауе-Шварценберг и Средни Рудни Планини.
Округот се наоѓа во западниот дел на Рудните Планини на чешко-германската граница. Се простира од високите планини на самата граница до ниските ридови на север. Градот Обервизентал е највисокиот град во Германија. Се наоѓа на падините на Фихтелберг, вториот највисок врв на Рудните Планини, на 1.214 метри.
Горе лево: грбот на грофовијата Шенбург-Валденбург
Средина лево: грбот на грофовијата Вербен
Долу лево: грбот на грофовијата Волкенштајн; оваа фамилија како и двете гореспоменати династии имале поседи во овој дел на Рудните Планини во текот на доцниот Среден Век
Десно: лавот било хералдичко животно на грофовија Мајсен, претходникот на Саксонија; во овие грбови лавот држи рударска алатка со неговите предни нозе, симбилирајќи ја рударската традиција на Рудните Планини