Прејди на содржината

Алто Парана (департман)

Координати: 25°25′S 54°38′W / 25.417° ЈГШ; 54.633° ЗГД / -25.417; -54.633
Од Википедија — слободната енциклопедија
Департман Алто Парана
Departamento de Alto Paraná
департман
Знаме на Департман Алто ПаранаГрб на Департман Алто Парана
Местоположба на Алто Парана во Парагвај.
Местоположба на Алто Парана во Парагвај.
Координати: 25°25′S 54°38′W / 25.417° ЈГШ; 54.633° ЗГД / -25.417; -54.633
Држава Парагвај
РегионИсточен Парагвај
Основан1945
Гл. градСиудад дел Есте
Најголем градСиудад дел Есте
Управа
 • ГувернерНелсон Агинагалде
Површина
 • Вкупна14.895 км2 (5,751 ми2)
Ранг7
Население (2007)[1]
 • Вкупно703.507
 • Ранг2
 • Густина47/км2 (120/ми2)
Час. појасAST (UTC-04)
 • Лето (ЛСВ)ADT (UTC-03)
ISO 3166PY-10
Окрузи19
Мреж. местоaltoparana.gov.py
Водопадот Салтос дел Мондај

Алто Парана, или во превод Горна Парана, е департман во Парагвај. Департманот се наоѓа во Источен Парагвај и главен град на истиот е Сиудад дел Есте. Департманот забележал голем развој во последните 50 години, а развојот се должи на економскиот подем на градот Сиудад дел Есте.

Географија

[уреди | уреди извор]

Департманот се наоѓа во Источен Парагвај, на граничниот појас со Бразил. Департманот се на север се граничи со департманот Каниндеју, на југ Итапуа, на исток со Бразил и на запад со департманите Кагвазу и Казапа. Главен град на департманот е Сиудад дел Есте

Департманот е поделен на 20 окрузи:

окрузи население (2002)
1 Сиудад дел Есте 222.274
2 Доктор Хуан Леон Малјоркин 16.243
3 Доминго Мартинес де Ирала 6.734
4 Ернандаријас 63.248
5 Ируња 4.710
6 Итакири 23.765
7 Хуан Емилио Олири 16.367
8 Лос Седралес 9.003
9 Мбаракају 8.337
10 Минга Гвазу 48.006
11 Минга Пора 11.180
12 Наранхал 11.921
13 Њакундај 8.403
14 Пресиденте Франко 52.826
15 Сан Алберто 11.523
16 Сан Кристобал 7.670
17 Санта Фе дел Парана ND
18 Санта Рита 16.427
19 Санта Роса дел Мондај 11.287
20 Колонија Игвазу 8.748

Максимална температура измерена во департманот е 38 степени целзиусови, додека минималната е 0 степени. Просечна годишна темпрература во департманот е 21 степен. Во регионот има поголема влажност и врнежи, па така маглата е честа појава во зимскиот период.

Збратимени покраини

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]