Алберт Мајкелсон
Алберт Абрахам Мајкелсон | |
---|---|
Роден(а) | декември 19, 1852 Стрело, Полска |
Починал(а) | мај 9, 1931 Пасадена, Калифорнија, САД | (возр. 78)
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Кејски западен резервен универзитет Кларков универзитет Чикашки универзитет |
Образование | Американска морнарска академија Берлински универзитет |
Докторски ментор | Херман фон Хелмхолц |
Докторанди | Роберт Миликан |
Познат по | Брзина на светлината Мајкелсон–Морлиев обид |
Поважни награди | Матеучиев медал (1903) Нобелова награда за физика (1907) Коплиев медал (1907) Елиот Кресонов медал (1912) Хенри Драперов медал (1916) Албертов медал (1920) Franklin Medal (1923) Дуделов медал и награда (1929) |
Сопружник | Маргарет Хемингвеј (1877–1898; разведени; 3 деца) Една Стентон (1899–1931; негава смрт; 3 деца) |
Потпис |
Дел од темата |
Специјална релативност |
---|
Алберт Абрахам Мајклсон (англиски: Albert Abraham Michelson 19 декември 1852 — 9 мај 1931) — американски физичар познат по неговата работа за мерење на брзината на светлината посебно за Мајкелсон-Морлиевиот обид. Во 1907 ја добил Нобеловата награда за Физика. Тој станал првиот Американец кој ја примил Нобеловата награда за физика.
Животопис
[уреди | уреди извор]Мајклсон е роден во Стшелно, Познањ во Полска, претходно територија на Полско-Литванскиот Комонвелт во Еврејска фамилија.[1] Се преселил во САД со своите родители во 1855, на возраст од 2 години. Пораснал во рударските градови Марфиевиот камп, Калифорнија и Виргинија Сити, Невада, каде неговиот татко бил трговец. Неговата фамилија била секуларна, а и самиот Мајклсон бил доживотен агностик.[2][3][4] Ги поминал своите училишни години во Сан Франциско во домот на неговата тетка ,Хенриета Леви која била мајката на авторката Хариет Лејн Леви.[5]
Претседателот Јулисиз Симпсон Грант го наградил Мајклсон со специјална награда во Поморската академија во 1869 година.[6] За време на неговите четири години како морнарички питомец во академијата, Мајклсонсе истакнал во полето на оптиката, топлината, климатологијата и цртање. По матурирањето во 1873 и две години на море, тој се вратил во Поморската Академија во 1875 да стане наставник по физика и хемија во 1879 година. Во 1879 година, тој бил испратен во Поморскиот алманах оддел, во Вашингтон (дел од поморската опсерваторија[7][8][9]),за да работи со Сајмон Њуком. Во наредната година тој добил отсуство од работа за да ги продолжи своите студии во Европа. Тој ги посетил универзитетите во Берлин и Хајделберг, и Францускиот колеџ и Политехничката школа во Париз.
Во 1877, се венчал со Маргарет Хемингвеј, ќерка на богат Њујоршки адвокат и брокер. Тие имале два сина и една ќерка.[10]
Мајклсон бил фасциниран со науките, посебно со проблемот со мерењето на брзината на светлината. Додека бил во Анаполис, го спровел својот прв обид за брзината на светлината, како дел од демонстрацијата за време на часот во 1877 година. Неговиот Анаполски обид бил редефиниран, во 1879 година, при што ја измерил брзината на светлината и таа била 299.864±51 км/с, и ја проценил брзината на светлината во вакуум дека изнесува 299.940 км/с.[11][12][13] По 2 години студии во Европа, дал отставка од Морнарицата во 1881 година. Во 1883 се вработил како професор по физика на Факултетот за применети науки при универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ во Кливленд, Охајо и се концентрирал на развивање на подобар интерферометар. Во 1887 тој и Едвард Морли го извеле познатиот Мајклсон-Морлиевиот обид кој го отфрлил постоењето на етер. Тој подоцна го искористил астрономскиот интерферометар во мерките на ѕвездените пречници и во мерење на разделеноста на двојните ѕвезди.
Во 1889 Мајклсон станал професор во универзитетот „Кларк“ во Ворчестер, Масачусетс и во 1892 бил назначен професор и прв шеф на одделот за физика на новоорганизираниот Чикашкиот универзитет.
Во 1899, се венчал со Една Стантон. Тие имале еден син и три ќерки.
Во 1907, Мајклсон ја имал честа да биде првиот Американец да ја добие Нобеловата награда по Физика „за неговата оптички прецизни инструменти и спектроскопски и метролошки испитувања спроведени со тие инструменти“. Тој исто така го освоил Коплиевиот Медалот во 1907, Хенри Драперовиот медал во 1916 и Златниот медал на Кралското Астрономско Друштво во 1923 година. Исто така, еден кратер на Месечината е именуван по него.
Мајклсон починал во Пасадена, Калифорнија на возраст од 78 години. Во сеќавање на Мајклсон и неговите достигнувања Чикашкиот универзитет ја посветил студенското живеалиште „Мајклсонова куќа“ во негова чест. И Кејс Вестерн Резерв има посветено живеалиште во неова чест, и Мајклсон Хол (академска зграда со училници за науки,лаборатории и канцеларии) во Поморската академија на САД исто така го носи негово име. Универзитетот „Кларк“ го именувал театерот во негова чест.[14] Мајклсоновата лабораторијата во морнаричката база „Чајна Лејк“ во Риџкрест,Калифорнија е именувана во негова чест. Постои екран во делот кој е отворен во лабораторијата во кој се прикажани факсимили од неговата Нобелова награда (медалот), документот за наградата и примери од неговите дифракциони мрежички.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Albert Abraham Michelson 1852–1931“. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 2015-04-02.
- ↑ Naukowe, Łódzkie (2003). Bulletin de la Société des sciences et des lettres de Łódź: Série, Recherches sur les déformations, Volumes 39-42. Société des sciences et des lettres de Łódź. стр. 162.
Michelson's biographers stress, that our hero was not conspicuous by religiousness. His father was a free-thinker and Michelson grew up in non-religious family and have no opportunity to acknowledge the believe of his forebears. He was agnostic through his whole life and only for the short period he was a member of the 21st lodge in Washington.
- ↑ John D. Barrow (2002). The Book of Nothing: Vacuums, Voids, and the Latest Ideas About the Origins of the Universe. Random House Digital, Inc. стр. 136. ISBN 978-0-375-72609-5.
Morley was deeply religious. His original training had been in theology and he only turned to chemistry, a self-taught hobby, when he was unable to enter the ministry. Michelson, by contrast, was a religious agnostic.
- ↑ 1984; Dorothy Michelson Livingston; One Pass Productions; Cinema Guild. The Master of Light: A Biography of Albert A. Michelson. University of Chicago Press. стр. 106.
On the religious question, Michelson disagreed with both these men. He had renounced any belief that moral issues were at stake in ...
CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) - ↑ Levy, 920 O'Farrell Street, 47.
- ↑ Nimitz Library's Virtual Exhibits- LibExhibits
- ↑ Nineteenth century astronomy at the U.S. Naval Academy
- ↑ „USNO - Our Command History — Naval Oceanography Portal“. Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 2015-04-02.
- ↑ http://eprints.jcu.edu.au/4957/1/4957_Shankland%26Orchiston_2002.pdf
- ↑ James, I. (2009). Driven to Innovate: A Century of Jewish Mathematicians and Physicists p. 101. ISBN 978-1-906165-22-2. "In 1877, he married Margaret Hemingway, daughter of a wealthy New York stockbroker and lawyer. This marriage lasted twenty years and produced two sons and a daughter."
- ↑ Speed of light measurements history
- ↑ Optics News - Optics at the U.S. Naval Academy
- ↑ Michelson's 1879 determinations of the speed of light
- ↑ „Facilities | Visual and Performing Arts | Departments | Clark University“. Архивирано од изворникот на 2018-04-20. Посетено на 2015-04-02.
- Livingston, D. M. (1973). The Master of Light: A Biography of Albert A. Michelson. ISBN 0-226-48711-3.
- Levy, Harriet Lane (1996). 920 O'Farrell Street. Berkeley: Heyday Books. ISBN 0-930588-91-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Викиизвор има оригинални дела од или за: Алберт Абрахам Мајклсен |
- Алберт Мајкелсон на Ризницата
- National Academy of Sciences Biographical Memoir
- Michelson's Life and Works from the American Institute of Physics Архивирано на 16 јули 2012 г.
- U.S. Naval Academy and The Navy
- USNA Guide to the Albert A. Michelson Collection, 1803–1989 Архивирано на 15 мај 2014 г.
- From USNA to Nobel: Albert A. Michelson's Life and Contributions[мртва врска]
- Michelson House at the University of Chicago Архивирано на 4 септември 2005 г.
- Michelson's Nobel Prize Biography
- Дела од Albert A. Michelson на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Алберт Мајкелсон на Семрежниот архив
- IMDB: Bonanza episode Look to the Stars
- Norman Maclean: "Billiards Is a Good Game": Gamesmanship and America's First Nobel Prize Scientist; reprinted in Lapham's Quarterly
- The U.S. Naval Academy Observatory Programs and Times Gone By: A Tale of Two Domes Архивирано на 18 ноември 2016 г.
- NAWS China Lake Архивирано на 22 септември 2008 г. Предлошка:Accessdate
- Nineteenth Century Astronomy at the U.S. Naval Academy
|
|
- Родени во 1852 година
- Починати во 1931 година
- Американски физичари
- Експериментални физичари
- Оптички физичари
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Носители на Коплиевиот медал
- Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво
- Еврејски физичари
- Странски членови на Кралското друштво
- Наградени од Националната академија на науките на САД
- Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет
- Американски нобеловци
- Еврејски нобеловци
- Дописни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Почесни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Членови на Американското филозофско друштво
- Членови на Торинската академија на науките