Акант
Акант (латински: acanthus) — еден од најчестите орнаменти кој се користи за лисесто украсување.[1] Архитектонските украси (орнаменти) се резбаат во камен или дрво во облик на листовите на средоземното растение матрун, чии листови се донекаде налик на листовите на драката, афионот и магдоносот.
Акантот како орнамент е застапен кај столбови од Коринтскиот и Сложениот ред, а се применува и на фриз. Старите Грци биле први кои го искористиле овој украс, а римјаните пак го разработиле, свиткувајќи ги краевите на листовите. Како украс продолжил да ужива популарност во византиската, романската и готската архитектура, па повторно во ренесансата и понатамошните стилови, сѐ до ден денес.
Акантови украси се користат и за ентериери како и за рабно украсување.
Овој орнамент се користел и во средновековната и ренесансната уметност, особено во вајарството и резбарството и кај фризови.
Врската помеѓу акантот и самиот матрун веќе одамна е предмет на спор. Алоис Ригл во своето дело Стилско прашање тврди дека акантот како украс започнал како скулптурна верзија на палметата, а дури подоцна почнал да личи на матрун.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Philippa Lewis & Gillian Darley, Dictionary of Ornament (1986) Pantheon: NY
- ↑ A. Riegl, tr. E. Kain, Problems of style: foundations for a history of ornament (Princeton, 1992), 187-206.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фотографиии на акантски украси Архивирано на 7 јануари 2009 г. (англиски)