Ада Вонг
Ада Вонг | |
---|---|
Ада Вонг во Resident Evil 4 (2005) | |
Прва игра | Resident Evil 2 (1998) |
Создавач | Хидеки Камија Нобору Сугимура Казунори Кадои |
Ликовен осмислувач | Исао Охиши Рјоџи Шимокама |
Ада Вонг (јапонски: エイダ・ウォン, букв. Еида Вон; англиски: Ada Wong) — лик од серијата видеоигри на ужасите за опстанок Resident Evil, развиена од јапонската компанија Capcom. Таа првпат била спомната во изворниот Resident Evil (1996), а подоцна била претставена како спореден лик и антихероина во Resident Evil 2 (1998). Првично замислена како истражувачка по име Линда во прототипот за продолжението, нејзината улога била променета во улога на шпионка и платеничка, а нејзиното име било преработено во Ада за подобро да се поврзе приказната со првата игра. Иако често е најмена да краде биолошки оружја за различни организации, Ада често ги издава своите работодавци за да го спаси главниот лик, Леон С. Кенеди, од опасните ситуации низ серијата.
Замисла и дизајн
[уреди | уреди извор]Ада Вонг првично била замислена како истражувачка по име Линда што му помага на Леон во текот на играта, но нејзината улога била преосмислена за крајната верзија на Resident Evil 2.[1]
Била озвучена од Сали Кехил во Resident Evil 2, Resident Evil 4 и The Darkside Chronicles, како и од неспомната гласовна глумица во The Umbrella Chronicles.[2]
Во игрите, Ада најчесто се гледа во црвени фустани. Таа носела еден во Resident Evil 2, друг во Resident Evil 4 (каде што исто така користела автомат Томпсон како упатување до гангстерскиот филм „Дамата во црвено“ од 1979 г.) и црна борбена облека.[3][4]
На јапонски, таа се вика Еида Вон.
Појавувања
[уреди | уреди извор]Во серијата Resident Evil
[уреди | уреди извор]Ада Вонг е псевдоним на кинеско-американска шпионка и платеничка што се појавува како антихероина во серијата Resident Evil на Capcom. Нејзината вистинска самоличност и минато пред нејзината вмешаност во шпионажа се обвиткани со тајни.[5] Првпат претставена како спореден лик во Resident Evil 2 (1998), Ада е задолжена од неименувана организација да го украде G-вирусот, мутаген развиен од корпорацијата Umbrella (се чита: Амбрела, букв. Чадор), која е одговорна за појавата на зомбија во измислениот град Ракун Сити. За време на нејзината мисија, Ада се здружува со полицаецот новак Леон Скот Кенеди за да добие пристап до подземната лабораторија за биолошка војна на Umbrella. Таа на крајот е изложена како платеничка од научникот Анет Биркин. И покрај тешките повреди, Ада му помага на Леон да го уништи Т-103 Тиран и успева да избега од Ракун Сити пред да биде уништен од јадрен удар, мерка што ја презема американската влада за да ја прикрие катастрофата.[6][7][8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ . ISBN 4-7577-0412-7. Занемарен непознатиот параметар
|год=
(help); Занемарен непознатиот параметар|месяц=
(help); Занемарен непознатиот параметар|язык=
(help); Занемарен непознатиот параметар|издательство=
(help); Занемарен непознатиот параметар|заглавие=
(help); Занемарен непознатиот параметар|страницы=
(help); Занемарен непознатиот параметар|день=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Sally Cahill Interview, " Another Woman (2008)“. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2012-08-17.
- ↑ Top 10 sexiest PlayStation game characters Архивирано на 19 јули 2012 г., PlayStation Universe, October 28th, 2011
- ↑ „Content Tagged with «Ada Wong» | Project Umbrella“. Архивирано од изворникот на 2012-08-05. Посетено на 2012-08-17.
- ↑ Molloy, PJ (December 8, 2023). „Resident Evil: Who is Ada Wong?“. TheGamer. Архивирано од изворникот May 7, 2024. Посетено на May 28, 2024.
- ↑ „Resident Evil: the Story so Far“. IGN. 2021-06-23. Архивирано од изворникот 2020-09-07. Посетено на 2023-02-11.
- ↑ Miller, Zachary (January 29, 2012). „Resident Evil: the Story so Far“. Nintendo World Report. Архивирано од изворникот February 27, 2017. Посетено на April 18, 2018.
- ↑ Kim, Matt (January 30, 2019). „Resident Evil 2 Spoilers FAQ: All Your Questions Answered“. VG247. Архивирано од изворникот May 21, 2024. Посетено на August 7, 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ада Вонг“ на Ризницата ? |