Автомобилските регистарски таблички во Бугарија претставуваат систем за идентификација на моторните превозни средства што го регулира полицијата. Регистарските таблички содржат сино поле со слика на бугарското или европското знаме на левата страна и код, испишан со црни големи букви и бројки на бела позадина. Кодот има формат X (X) NNNN Y (Y), каде што X (X) е код на областа претставена со букви, NNNN - е сериски број, Y (Y) - серија, што се состои од една или две букви.