Џон Милтон
Џон Милтон (англиски: John Milton; 9 декември 1608 — 8 ноември 1674) — англиски поет.
Животопис
[уреди | уреди извор]Џон Милтон е роден на 9 декември 1608 година, во Чипсајд (Cheapside), Лондон. Тој бил лош татко и неподнослив сопруг и поради неговата бруталност, сопругата била принудена да го напушти.[1]
Милтон починал на 8 ноември 1674 година, во Чалфонт Сент Гилс (Chalfont St Giles).
Творештво
[уреди | уреди извор]Влијание
[уреди | уреди извор]Гете имал поволно мислење за Милтон, оценувајќи го како „многу голем“ и дека „човек мора да му оддаде секакво признание“.[2] Делото на Милтон извршило големо влијание не само врз литературата, туку и врз популарната култура. На пример, на својот албум од 1972 година „Академијата во опасност (The Academy in Peril)“, американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) ја вметнал и песната наречена „Џон Милтон (John Milton)“.[3]
Преводи
[уреди | уреди извор]Прв Македонец кој ги преведувал Милтоновите дела бил националниот деец, Митрополит Теодосиј Гологанов (1846 — 1926). Преводите биле на бугарски, направени за време на неговото службување во Бугарското книжевно друштво во Софија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 160-164.
- ↑ J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 53.
- ↑ ALL MUSIC, John Cale, The Academy in Peril (пристапено на 6.12.2015)