Џеси Макартни
Џеси Мекартни | |
---|---|
McCartney at the 2010 Tribeca Film Festival | |
Роден(а) | 9 април 1987 Ардсли, Њујорк, СаД |
Занимање |
|
Активен период | 1998–денес |
Сопружник | Кејти Петерсон (в. 2021) |
Џеси Макартни (англ. Jesse McCartney; роден на 9 април 1987) ― американски глумец и пејач. Кариерата ја започнал во 1998 година со улога во серијата Сите мои деца. Подоцна станал член на групата „Dream Street“ и на крај започнал музичка соло-кариера. Мекартни, исто така, е познат по тоа што го позајмува гласот на Теодор во анимираниот филмски серијал „Алвин и верверичките“.
Во 2007 година, Мекартни (заедно со Рајан Тедер од OneRepublic) ја напишал песната „Beding Love“ која во изведба на Леона Луис станала светски хит. Неговиот најнов албум, New Stage, бил објавен во 2021 година.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Макартни е роден во Ардсли, Њујорк, син на Џинџер и Скот Мекартни.[1] [2] Во 1998 година, пеел со групата Sugar Beats и неговиот глас може да се слушне на нивните ЦД-изданија од 1998, 1999 и 2000 година.[3]
Од 1998 до 2001 година, Џеси глумел во телевизиската серија Сите мои деца. Во 1999 година, Мекартни се приклучил на американската поп-група Dream Street чиј член бил до 2002 година. На петнаесет години, тој ја започнал неговата соло-кариера. Продуцентите на Dream Street , Шери Кондор и Бони Галантер, заедно со Ендрју Голд и Џинџер Макартни, го основале студиото за снимање JumpAhead Productions и потпишале договор со него.
Мекартни го издал неговото прво соло EP во јули 2003 година, под наслов J Mac. Мини-албумот содржел три песни: Beautiful Soul , Don't You и Why Don't You Kiss Her. Во 2004 година, тој во дует со Ен Хатавеј, ја испеал песната „Don't Go Breaking My Heart“, која е вклучена во саундтракотот за филмот „Маѓепсаната Ела“. Потоа заминал на турнеја.
Првиот соло-албум на Макартни, Beautiful Soul, кој бил подготвуван две години, бил издаден на 28 септември 2004 година во САД и по повеќе од една година во Европа.[4] Албумот содржел четири песни кои тој ги напишал.[5] До средината на 2006 година, албумот бил продаден во повеќе од 1,5 милиони примероци.[5] Мекартни бил еден од музичарите кои освоиле повеќе награди на Наградите по избор на тинејџерите: „Најдобар кросовер изведувач“, „Најдобар машки изведувач“ и „Најдобар нов машки изведувач“.[6] Следната година, на Наградите од Никелодеон по избор на децата, тој ја освоил наградата „Омилениот машки пејач“. [5]
Во 2005 година, Џеси учествувал во снимањето на филмот Кит (англ. Keith) кој бил објавен во 2008 година. По снимањето на филмот тој почнал да работи на неговиот втор албум, Right Where You Want Me.[5][7] Албумот бил издаден од Hollywood Records на 19 септември 2006 година и се искачил на 14-то место на Билборд 200.[8]
Во есента 2007 година, Макартни и Рајан Тедер од OneRepublic ја напишале хит-песната „Beding Love“; песната била продуцирана од Мекартни и Тедер и била наменета за третиот албум на Макартни, но тој ѝ ја подарил на британската пејачка Леона Луис за нејзиниот прв албум Spirit. Песната била номинирана за „Запис на годината“ на Греми наградите во 2009 година.[9]
Мекартни подоцна ги издал и албумите: Departure (20 мај 2008), Departure: Recharged (7 април 2009 година), Have It All… (8 септември 2010 година), In Technicolor (2014) и New Stage (2021).
На 5 април 2024 година, Макартни го издал неговото четврто EP, All's Well.
Глумечка кариера
[уреди | уреди извор]Макартни се појавил со Роџер Долтри од The Who во претставата Божиќна приказна во Медисон Сквер Гарден. Од 1998 до 2001 година, Макартни глумел во сапунската опера на ABC Сите мои деца, улога за која заработил две Награди за млад уметник и две номинации Еми награди за серија во дневен термин.[10] Тој, исто така, глумел во серијата Summerland (2004-2005).
Во 2005 година, Макартни се појавил како себеси во Дизниевата серија Удобниот живот на Зак и Коди.[11] Во 2007 година, се појавил во Дизниевата серија „Хана Монтана“. Во 2008 година, Мекартни го позајмил гласот на Џо Џо Мекдод во анимираниот филм Хортон (2008). Макартни, исто така, го позајмил гласот на Теодор во анимираната франшиза <i id="mwAVs">„Алвин и вервериците“</i> (2007–2015), а исто така и гласот на Теренс во филмскиот серијал <i id="mwAV0">„Тинкер Бел“</i> и гласот на Робин/Најтвинг во серијата Young Justice.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Во септември 2019 година, Макартни се свршил со Кејти Петерсон, со која седум години бил во врска.[12] [13] Тие се венчале на 23 октомври 2021 година.[14] [15]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Beautiful Soul (2004)
- Right Where You Want Me (2006)
- Departure (2008)
- Have It All (необјавен)
- In Technicolor (2014)
- New Stage (2021)
Турнеи
[уреди | уреди извор]Сопствени
- Beautiful Soul Tour (2004–05)
- Right Where You Want Me Tour (2006–07)
- Departure Mini-Tour (2008)
- Headlining Tour (2009)
- Jesse McCartney: In Technicolor Tour (2014)
- Better with You U.S. Tour (2018)
- The Resolution Tour (2019)
- The New Stage Tour (2022)
- All's Well Tour (2024)
Заеднички
- Jesse & Jordin LIVE Tour (2008)
Како поддршка на други музичари
- Backstreet Boys: Never Gone Tour (2005)
- New Kids on the Block: Full Service Summer Tour (2009)
- Backstreet Boys: In a World Like This Tour (2013)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ukiah couple's grandson excels in television and music business“. Ukiah Daily Journal. October 15, 2004.
- ↑ 9 Voices - The Wilson Family - Google Books. Inspiring Voices. 2014. стр. 120. ISBN 9781491720967. Посетено на 2020-03-28.
- ↑ „Biography of Jesse McCartney bio, history, career, evolution, music, Dream Street“. Jessemccartneyweb.yaia.com. Посетено на 2011-11-13.
- ↑ Tecson, Brandee (December 6, 2005). „Jesse McCartney Wants His Next LP To Take After His New Hair Color“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-03-06. Посетено на February 4, 2009.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Leonard, Shana (July 13, 2006). „In September, Get Jesse McCartney Right Where You Want Him“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-01-22. Посетено на February 4, 2009.
- ↑ Corey, Moss (August 15, 2005). „Napoleon Dynamite, Kelly Clarkson Win Big At Teen Choice Awards“. MTV. Архивирано од изворникот на 2009-01-04. Посетено на February 4, 2009.
- ↑ Moss, Corey (April 10, 2006). „Jesse McCartney Hopes To Blow Your Minds With Next Single“. MTV. Архивирано од изворникот на 2009-06-29. Посетено на February 4, 2009.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Harris, Chris (December 4, 2008). „Lil Wayne, Coldplay Lead Grammy Nominations“. MTV. Архивирано од изворникот на 2009-03-08. Посетено на February 21, 2009.
- ↑ „Jesse McCartney“. IMDb.
- ↑ „The Jesse McCartney Episode Of 'Suite Life' Taught Us 10 Important Life Lessons - The "Beautiful Soul" singer stopped by the Tipton 10 years ago“. Mtv.com. Архивирано од изворникот на 2023-10-06. Посетено на 2024-05-06.
- ↑ „Jesse McCartney and Girlfriend Katie Peterson Are Engaged -- See Her Stunning Ring!“. Etonline.com.
- ↑ „Jesse McCartney Engaged To Longtime Girlfriend Katie Peterson: Report“. Iheart.com. April 10, 2019.
- ↑ Slater, Georgia (14 September 2019). „She Said Yes! Jesse McCartney Is Engaged To Longtime Girlfriend Katie Peterson“. People. Посетено на 16 June 2020.
- ↑ DeSantis, Rachel (23 October 2021). „Jesse McCartney Marries Actress Katie Peterson in 'Romantic' California Ceremony“. People.com. Посетено на 5 June 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џеси Макартни на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Џеси Макартни — AllMusic (англиски)
|