Прејди на содржината

Џанлука Ѕамброта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џанлука Ѕамброта
Лични податоци
Полно име Џанлука Ѕамброта
Роден на 19 февруари 1977(1977-02-19)(47 г.)
Роден во Комо, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Играчки податоци
Позиција одбрана, среден ред
Повлекување 3 октомври 2014 (37 г.)
Младинска кариера
Комо Комо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994-1997 Комо Комо 48 (6)
1997-1999 Бари Бари 59 (6)
1999-2006 Јувентус Јувентус 217 (7)
2006-2008 Барселона Барселона 58 (3)
2008-2012 Милан Милан 85 (2)
2013-2014 Кјасо Кјасо 10 (2)
Репрезентација
1999-2010 Италија Италија 100 (2)
Раководител на екипите
2013 Кјасо Кјасо (Асистент)
2013-2015 Кјасо Кјасо
2016 Делхи Дајнамос Делхи Дајнамос
* Ажурирано на: 14 May 2011
** Ажурирано на: 12 October 2010

Џанлука Ѕамброта (роден на 19 февруари 1977) — поранешен италијански фудбалер кој играл на позиција одбрана.

Својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на ФК Комо (1994-1997), за да во периодот од 1997 до 1999 година настапува за ФК Бари. Во 1999 година потпишал за ФК Јувентус но си заминал оттаму по скандалот со наместени натпревари во 2006 година кога "Старата дама" административно била исфрлена во Серија Б.

Така во 2006 година потпишал за ФК Барселона за 14 милиони евра каде што го освои супер купот на Шпанија. Во 2008 година тој се врати во Италија, во екипата на Милан со кој ја освои својата трета титула во Серија А, како и купот на Италија во 2011 година. После поминати четри сезони на Сан Сиро, Ѕамброта кариерата ја заврши во швајцарскиот Кјасо, во сезоната 2013/14 година.

За репрезентацијата на Италија, има забележа 98 настапи и играше на три Свестски првенста во фудбал, три Европски првенства и еден куп на конфедерации во 2009 година. Тој беше дел од репрезентацијата на Италија, која играше во финалето на Европското првенство 2000 година во Белгија и Холандија, а на Евро 2004 година во Португалија, тој беше избран во најдобриот тим на првенството. Исто така тој беше незаменлив дел од одбранбената линија на Светското првенство во фудбал 2006 година во Германија, каде што Италија го освои златниот медал.

Ѕамброта е награден со Орден на Витез за заслуги на Република Италија (Cavaliere O.M.R.I.) во 2000 година и тој беше Офицер на истиот редослед (Ufficiale O.M.R.I.) во 2006 година [3].

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]