Јадрена војна
Војна Воена историја по доба |
---|
Портал „Војна“ |
Јадрена војна — воен судир или политичка стратегија во која јадреното оружје се користи за нанесување штета на непријателот. Јадреното оружје е оружје за масовно уништување и за разлика од конвенционалното војување, јадрената војна предизвикува уништување за многу пократко време и може да има долгорочни радиоактивни дејства. Голем јадрен судир може да доведе до радиоактивно загадување и „јадрена зима“, која може да трае со десетлетија или векови по првичниот напад.[1][2] Според некои истражувачи, ова би довело до глобален масовен глад.[3][4][5] Според други аналитичари, јадрена зима нема да следи, па дури и со јадрено оружје на нивоа на Студената војна, макар и со милијарди жртви, сепак милијарди селски луѓе би преживеале.[6][7][8][9] До денес, две јадрени оружја се користени во војна, двете од САД кон крајот на Втората светска војна. На 6 август 1945 г., ураниумската бомба „Детенце/Мало момче“ била пуштена над јапонскиот град Хирошима. Три дена подоцна, на 9 август, плутониумската бомба „Дебелко“ била пуштена над Нагасаки. Двата бомбашки напади довеле до смрт на околу 120.000 луѓе.
По Втората светска војна, јадреното оружје било развиено и во Советскиот Сојуз (1949), Велика Британија (1952), Франција (1960) и Кина (1964), придонесувајќи за состојбата на судир и напнатост позната како Студената војна. Во 1974 г. Индија и во 1998 г. Пакистан, две непријателски земји меѓусебно, развиле јадрено оружје. Нашироко се верува дека Израел и Северна Кореја имаат јадрено оружје, иако не е јасно колку. Владата на Израел ниту признава ниту негира дека поседува јадрено оружје, иако има реактор и преработувачка постројка потребни за создавање јадрено оружје.[10] Јужна Африка, исто така, произвела неколку јадрени боеви глави во 1980-тите, но во 1990-тите станала првата земја што доброволно се откажала од своето јадрено оружје.[11] Јадреното оружје е пуштено над 2.000 пати за проби и демонстрации.[12][13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „7 Possible Toxic Environments Following a Nuclear War – The Medical Implications of Nuclear War 1985 – The National Academies Press“.
- ↑ „nuclear winter“. Encyclopædia Britannica.
- ↑ Ehrlich, P. R., J. Harte, M. A. Harwell, P. H. Raven, C. Sagan, G. M. Woodwell, J. Berry, E. S. Ayensu, A. H. Ehrlich, T. Eisner, S. J. Gould, H. D. Grover, R. Herrera, R. M. May, E. Mayr, C. P. McKay, H. A. Mooney, N. Myers, D. Pimentel, and J. M. Teal (1983). „Long-term biological consequences of nuclear war“. Science. 222 (4630): 1293–1300. doi:10.1126/science.6658451. no-break space character во
|pages=
во положба 5 (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „Overview of the Doomsday Clock“. Bulletin of the Atomic Scientists.
- ↑ The Nuclear Winter: The World After Nuclear War, Sagan, Carl et al., Sidgwick & Jackson, 1985
- ↑ Martin, Brian (декември 1982). „The global health effects of nuclear war“. Current Affairs Bulletin. 59 (7).
- ↑ Critique of Nuclear Extinction – Brian Martin 1982
- ↑ „The Effects of a Global Thermonuclear War“.
- ↑ Long-term worldwide effects of multiple nuclear-weapons detonations. Assembly of Mathematical and Physical Sciences, National Research Council, 1975.
- ↑ John Pike. „Nuclear Weapons Program“.
- ↑ John Pike. „Nuclear Weapons Program“.
- ↑ „„1945 – 1998" by Isao Hashimoto“. Архивирано од изворникот на 2018-07-06. Посетено на 2023-07-23. no-break space character во
|title=
во положба 6 (help) - ↑ „„1945 – 1998" by Isao Hashimoto“. Архивирано од изворникот на 2018-07-06. Посетено на 2023-07-23. no-break space character во
|title=
во положба 6 (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- [https://web.archive.org/web/20100527215028/http://www.life.com/image/first/in-gallery/27872/fallout-after-a-nuclear-attack Fallout: After a Nuclear Attack
„Јадрена војна“ на Ризницата ?