Прејди на содржината

Саргасово Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 08:56, 26 септември 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Местоположба на Саргасовото Море.

Саргасово Море — голем проток во Северниот Атлантски Океан во кој кружењето на водата оди надесно со три струи околу рабовите. Прва е Канарската Струја на исток што се движи кон југ, втора е Северната екваторска струја на југ, што се движи кон запад, а третата е Голфската струја, на запад и север. Поради Кориолисовиот ефект, движењето на овие струи на преиферијата на морето ја носи океанската вода кон неговата средина. Поради тоа, средината на Саргасовото Море е на околу 1 м над нивото на водата по должината на источниот брег на САД. Летно време поголемото испарување во однос на дождот создава дебел слој на топла солена вода на средината на морето. Тоа го спречува подигањето на студената вода која е богата со хранливи состојки од морското дно, а недостигот на хранливи состојки влијае врз проречноста на планктонот. Меѓутоа покривката од морскиот плевел саргасо (Sargassum), по кое е наречено морето, е живеалиште на голем број животни.[1]

Морето е познато како единствено мрестилиште на европската и американската јагула.

  1. Dent, Lester (2007). Doc Savage Reprint #7: The Lost Oasis and The Sargasso Ogre. Nostalgia Ventures.ISBN 1-932806-71-7