Прејди на содржината

Апсолутна висина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 10:56, 19 јули 2024; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Поврзано: Додадена категорија)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Највисоката точка на Земјата

Апсолутната височина или надморска височина (алтитуда) е висината на некоја точка на Земјата во однос на референтната површина на геоидот. Во географијата, тоа се дефинира како растојание во метри вертикално, од средното ниво на површината на океанот до одредена точка на површината на Земјата. Кога се опишуваат географски предмети ( планини, полиња, езера и др.) на топографска карта, варијациите во висината се означени со изохроми, а карактеристичните коти се означени со точката во која висината е во метри. Надморската висина се мери со инструментот Висиномер кој работи на принципот на промена на притисокот со зголемување на надморска височината. На општо-географските карти, надморската височина е прикажана со хипсометриска скала, која покажува различни висини во различни бои (од зелена за низини, жолта за ридови, кафеава за планини и бела за високи планински врвови) .

Како што се зголемува апсолутната висина, температурата се намалува (0,6   °C на секои 100 метри), притисокот се намалува, а воздухот е поредок. Највисоката апсолутна надморска височина на Земјата е Врвот Чомолунга на Хималаите во Азија - 8.848 метри. Во Македонија највисок врв е Голем Кораб- 2.753метри. Апсолутниот мора да се разликува од релативната висина . Денес висините лесно се одредуваат благодарение на GPS- уредите.

Поврзано

[уреди | уреди извор]