Адемола Лукман
Адемола Лукман | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име |
Адемола Лукман Олаџаде Аладе Ајола Лукман[1] | ||
Роден на | 20 октомври 1997 | ||
Роден во | Вандсворт, Англија | ||
Држава |
Англија Нигерија (од 2022) | ||
Висина | м[2] | 1,74||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Аталанта | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
2013-2015 | Чарлтон | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015-2017 | Чарлтон | 45 | (10) |
2017-2019 | Евертон | 36 | (1) |
2018 | → РБ Лајпциг | 11 | (5) |
2019-2022 | РБ Лајпциг | 11 | (0) |
2020-2021 | → Фулам | 34 | (4) |
2021-2022 | → Лестер Сити | 26 | (6) |
2022- | Аталанта | 49 | (20) |
Репрезентација ‡ | |||
2016 | Англија 19 | 5 | (0) |
2016-2017 | Англија 20 | 15 | (4) |
2017-2019 | Англија 21 | 11 | (1) |
2022- | Нигерија | 17 | (6) |
* Ажурирано на: 23 април 2021 ** Ажурирано на: 23 април 2021 |
Адемола Лукман (роден на 20 октомври 1997 година, во Вандсворт) — нигериски фудбалер со англиско потекло, напаѓач на Аталанта и на нигериската репрезентација.
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Крило, втор напаѓач или офанзивен играч за врска, Лукман е играч со одлични физички предиспозиции и добри технички вештини. Се издвојува по брзината и дриблингот, како и по добрата завршница.
Кариера
[уреди | уреди извор]Чарлтон Атлетик
[уреди | уреди извор]Лукман израснал во академијата на Чарлтон Атлетик.[3] Своето деби за првиот тим го направил на 3 ноември 2015 во натпревар од Чемпионшип против Милтон Кинс Донс,[4] а првиот гол го постигнал на 5 декември истата година во поразот со 3-2 на гостувањето кај Брајтон енд Хоув Албион.[5] Десет дена подоцна, тој постигнал два гола во ремито 2-2 на домашен терен против Болтон Вондерерс.[6] Првата сезона како професионален фудбалер ја завршил со одлична статистика од 24 настапи и 5 гола, но сепак не успеал да му помогне на клубот да избегне испаѓање во понизок ранг на крајот од сезоната.
Во сезоната 2016-2017 во Лига Еден, Лукман го потврдил своето место во стартната постава на клубот и продолжил со добрата форма, постигнувајќи 7 гола во 25 настапи во првите четири и пол месеци од сезоната. Младата возраст и добрите игри набргу го прават интересен за поголемите клубови поради што тој во јануари 2017 година се разделил со Чарлтон.
Евертон
[уреди | уреди извор]На 5 јануари 2017, Лукман потпишал четири и пол годишен договор со Евертон за непозната сума.[7][8] Тој го направил своето деби за клубот десет дена подоцна во победата со 4-0 над Манчестер Сити, заменувајќи го Рос Баркли во 90-тата минута и постигнувајќи го четвртиот гол на тимот.[9]
На 27 јули 2017, Лукман го направи својот прв настап во европските натпреварувања, играјќи во победата на Евертон со 1–0 над словачкиот клуб МФК Ружомберок во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лига Европа.[10] На 7 декември 2017, во рамките на последниот натпревар од групата фаза во истото натпреварување, Лукман постигнал два гола во победата со 3-0 на гостувањето кај кипарскиот претставник Аполон Лимасон, што биле негови први голови во евро-турнирите. Во меѓувреме, тој имал проблем да се избори за поголема минутажа за Евертон во натпреварите од Премиер лигата, излегувајќи на теренот само 7 пати во првиот дел од сезоната и сите освен еднаш појавувајќи се од клупата за резерви, што довело до тоа во јануари 2018 да замине на позајмица до крајот на сезоната во германскиот РБ Лајпциг.[11]
На своето деби во Бундеслигата, Лукман го постигнал својот прв гол за Лајпциг за победата со 1-0 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, само десеттина минути подоцна откако се појавил во игра од клупата за резерви.[12] Тој уживал во славен престој во Лајпциг каде на 11 натпревари во Бундеслигата постигнал 5 гола и имал особено силен крај на сезоната постигнувајќи три гола во последните два натпревари, победите над Волфсбург и Херта.
По успешниот период во Германија, Лукман се вратил во Евертон каде добил повеќе шанса во текот на сезоната 2018-2019. Тој одиграл вкупно 24 натпревари за карамелите (21 во Премиер лигата) и постигнал еден гол во победата со 2-1 на домашен терен над Линколн Сити во третото коло од ФА Купот.
РБ Лајпциг
[уреди | уреди извор]На 25 јули 2019 година, Лукман се вратил во РБ Лајпциг, овојпат трајно во трансфер кој чинел 18 милиони евра.[13] Сепак, за разлика од претходниот престој во клубот, овојпат Лукман не можел да се наметне кај новиот тренер Јулијан Нагелсман играјќи само 13 натпревари. На 23 октомври 2019, дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 2-1 над рускиот Зенит.
На 30 септември 2020, Лукман бил позајмен до крајот на сезоната на Фулам.[14] Одиграл 34 натпревари во Премиер лигата и постигнал 4 гола.
На 31 август 2021 година, Лукман бил позајмен на Лестер Сити.[15] На 11 септември 2021 година, го направил своето деби за Лестер влегувајќи како замена во 73-тата минута во поразот од Манчестер Сити со 1-0.[16] На 28 декември 2021 година, Лукман го постигнал единствениот гол во победата на Лестер со 1–0 над Ливерпул.[17]
Аталанта
[уреди | уреди извор]На 4 август 2022 година, Лукман потпишал четиригодишен договор со клубот од италијанската Серија А, Аталанта, во трансфер кој чинел 15 милиони евра.[18][19] Тој го имал своето деби за клубот од Бергамо на 13 август, во натпреварот со кој било отворено првенството Серија А 2022-2023 одигран на гости против Сампдорија, постигнувајќи го притоа вториот гол во победата со 0-2.[20][21] На 15 јануари 2023, тој постигнал гол и забележал асистенција во победата со 8-2 на домашен терен против Салернитана. Тој, исто така, бил прецизен и на своето деби во Купот на Италија, постигнувајќи два гола против во осминафиналето против Специја, одиграно на 19 јануари 2023 година, кое Аталанта го добила со 5-2.[22] На 22 јануари, тој постигнал уште два гола и имал уште една асистенција во ремито 3-3 на гостувањето кај Јувентус. Првата сезона во Аталанта ја завршил со 13 гола и 6 асистенции, иако последниот гол го постигнал уште на 1 април 2023.
Својот прв гол за сезоната 2023-2024, Лукман го постигнал на 17 септември 2023, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Фјорентина во првенството. На 9 декември, тој постигнал два гола во победата со 3-2 на домашен терен над Милан.[23] На 24 април 2024, Лукман постигнал гол во петтата минута од судиското продолжение во реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Италија против Фјорентина, со кој ја одвел Аталанта во финалето.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Англија од нигериски родители, Лукман бил подобен да игра и за двете земји.[24]
На 16 мај 2016 година, тој бил повикан во англиската репрезентација под 19 години за натпреварот против Мексико.[25] За истата репрезентација во 2016 година, тој бил повикан да учествува на Европското првенство под 19 години[26], a една година подоцна бил повикан во репрезентацијата под 20 години за Светското првенство 2017 во Јужна Кореја; на второто првенство, тој постигнал три гола на патот на Гордиот Албион до титулата,[27] што било прво славје за Англичаните на некое фудбалско првенство уште од Светското првенство 1966.[28] Тој, исто така, има одиграно и 11 натпревари и еден гол за англиската репрезентацијата под 21 година.
Во јануари 2020 година, тој го изразил интерес на сениорско ниво да игра за репрезентацијата на Нигерија,[29] која неколку пати претходно ја одбивал надевајќи се дека ќе добие повик да игра за Англија. Дури откако поднел барање за промена на репрезентативното државјанство тој дал изјава во која вели: „Не го сменив мислењето дека сакам да ја претставувам Англија“.[30] Сепак, откако во февруари 2022 година неговото барање било прифатено од ФИФА, тој дефинитивно се одлучил да ја претставува Нигерија,[31] правејќи го своето деби на 25 март истата година во ремито 0-0 на гостувањето кај Гана во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.[32] На 13 јуни 2022 година, тој го постигнал својот прв гол за Нигерија во победата со 0-10 над Саун Томе и Принсип.[33]
Во јануари 2024, бил повикан во составот на Нигерија за Африканскиот куп на нации 2023. На 27 јануари 2024 година, во осминафиналето против Камерун (2-0), тој ги постигнал двата гола за Нигерија со кои и помогнал на репрезентацијата да се пласира во четвртфиналето,[34] каде пак одново бил одлучувачки постигнувајќи го единствниот погодок во успехот со 1-0 над Ангола.[35]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 4 февруари 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2015-2016 | Чарлтон | ФЛЧ | 24 | 5 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 5 |
2016-јан. 2017 | ФЛ1 | 21 | 5 | ФАКуп+ЛК | 3+1 | 2+0 | - | - | - | - | - | - | 25 | 7 | |
Вкупно Чарлтон Атлетик | 45 | 10 | 4 | 2 | - | - | - | - | 49 | 12 | |||||
јан.-јун. 2017 | Евертон | ПЛ | 8 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 8 | 1 |
2017-јан. 2018 | ПЛ | 7 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | ЛЕ | 6[36] | 2 | - | - | - | 16 | 2 | |
јан.-јун. 2018 | РБ Лајпциг | БЛ | 11 | 5 | КГ | - | - | - | - | - | - | - | - | 11 | 5 |
2018-2019 | Евертон | ПЛ | 21 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 1 |
Вкупно Евертон | 36 | 1 | 6 | 1 | 6 | 2 | - | - | 48 | 4 | |||||
2019-2020 | РБ Лајпциг | БЛ | 11 | 0 | КГ | 1 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | - | - | - | 13 | 0 |
2020-2021 | Фулам | ПЛ | 34 | 4 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 4 |
2021-2022 | Лестер Сити | ПЛ | 26 | 6 | ФАКуп+ЛК | 2+2 | 0+2 | ЛЕ+ЛК | 4+8 | 0 | - | - | - | 42 | 8 |
2022-2023 | Аталанта | А | 31 | 13 | КИ | 2 | 2 | - | - | - | - | - | - | 33 | 15 |
2023-2024 | А | 18 | 7 | КИ | 0 | 0 | ЛЕ | 5 | 0 | - | - | - | 23 | 7 | |
Вкупно Аталанта | 49 | 20 | 2 | 2 | 5 | 0 | - | - | 56 | 22 | |||||
Вкупно во кариерата | 212 | 46 | 18 | 7 | 24 | 2 | - | - | 254 | 55 |
Репрезентативна статистика
[уреди | уреди извор]- Обновено на 2 февруари 2024[37]
Репрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Нигерија | 2022 | 6 | 1 |
2023 | 5 | 1 | |
2024 | 6 | 3 | |
Вкупно | 17 | 5 |
Титули
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Посетено на 24 October 2020.
- ↑ „Ademola Lookman: Overview“. Premier League. Посетено на 17 September 2023.
- ↑ Cawley, Richard (27 November 2015). „Charlton keen to secure teenage prospect Ademola Lookman to new contract“. South London Press. Архивирано од изворникот на 8 December 2015.
- ↑ Jones, George (3 November 2015). „Match report: MK Dons 1–0 Charlton“. Charlton Athletic F.C. Архивирано од изворникот на 17 November 2015. Посетено на 15 November 2015.
- ↑ „Brighton 3–2 Charlton“. BBC Sport. 5 December 2015. Посетено на 2 January 2016.
- ↑ „Charlton 2–2 Bolton“. BBC Sport. 15 December 2015. Посетено на 2 January 2016.
- ↑ Vinnell, Paul (5 January 2017). „Everton sign Ademola Lookman from Charlton for £7.5m“. Sky Sports. Посетено на 4 September 2017.
- ↑ „Ademola Lookman: Everton sign Charlton forward for £11m“. BBC Sport. 5 January 2017. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ Reddy, Luke (15 January 2017). „Everton 4–0 Manchester City“. BBC Sport. Посетено на 4 September 2017.
- ↑ Rostance, Tom (27 July 2017). „Baines gives Everton Europa lead on Rooney return“. BBC Sport. Посетено на 27 July 2017.
- ↑ Kirkbride, Phil (1 February 2018). „Everton wanted Ademola Lookman to stay in England with Championship club“. Liverpool Echo. Посетено на 2 February 2018.
„Everton boss Sam Allardyce claims Ademola Lookman's 'stubbornness' took him to RB Leipzig over Derby“. Sports Illustrated. 1 February 2018. Посетено на 2 February 2018.
O'Callaghan, Rory (31 January 2018). „Ademola Lookman joins RB Leipzig on loan from Everton“. Sky Sports. Посетено на 2 February 2018. - ↑ Brassell, Andy (5 February 2018). „Ademola Lookman slips and slides from Everton into Leipzig's affections“. The Guardian. Посетено на 21 July 2019.
- ↑ „Lookman Moves To RB Leipzig“ (англиски). Посетено на 2022-08-05.
- ↑ „Ademola Lookman: Fulham sign RB Leipzig winger on loan“. BBC Sport. 30 September 2020. Посетено на 30 September 2020.
- ↑ „Leicester City Sign Winger Ademola Lookman On Loan“. Leicester City F.C. 31 August 2021. Посетено на 31 August 2021.
- ↑ „Leicester City 0–1 Manchester City“. BBC Sport. 11 September 2021. Посетено на 11 September 2021.
- ↑ Butler, Michael (28 December 2021). „Leicester City 1–0 Liverpool: Premier League – as it happened“. The Guardian. ISSN 0261-3077. Посетено на 31 December 2021.
- ↑ „Welcome, Lookman!“. Atalanta BC. 4 August 2022. Посетено на 4 August 2022.
- ↑ Campanale, Susy (4 August 2022). „Official: Atalanta sign Lookman from RB Leipzig“. Football Italia. Посетено на 4 August 2022.
- ↑ „L'Atalanta inizia col piede giusto a Marassi: 2-0 alla Samp, decidono Toloi e Lookman“. Занемарен непознатиот параметар
|accesso=
(се препорачува|access-date=
) (help) - ↑ „Esordio con goal per Lookman“. 16 август 2022. Посетено на 2022-08-17.
- ↑ „COPPA ITALIA - ATALANTA-SPEZIA 5-2: LA DEA VOLA CON SUPER LOOKMAN, HOJLUND DEVASTANTE. GASPERINI TROVA L'INTER AI QUARTI“. 19 јануари 2023. Посетено на 19 јануари 2023.
- ↑ Enrico Currò (10 декември 2023). „Un tacco bello“. la Repubblica. стр. 38.
- ↑ Oluwashina Okeleji (19 јануари 2017). „Nigeria keen on England U20 striker Ademola Lookman“ (англиски). Посетено на 23 јануари 2017.
- ↑ Nicholas Veevers (16 мај 2016). „England Under-19s squad named for double-header with Mexico“ (англиски). Посетено на 15 јануари 2017.
- ↑ „The England Under-19s squad has been named for the 2016 Euro Finals in Germany - England“ (англиски).
- ↑ Walsh, Kristian (11 June 2017). „How Everton's England World Cup heroes fared in South Korea – and what the future holds for them at Goodison“. Liverpool Echo. Посетено на 4 September 2017.
- ↑ „Under-20 World Cup: England beat Venezuela in final“. BBC Sport. 11 June 2017. Посетено на 4 September 2017.
- ↑ „Lookman moves to switch allegiance from England to Nigeria“ (англиски). Посетено на 2022-03-29.
- ↑ „Lookman open to Super Eagles, but should Nigeria want him?“ (англиски). Посетено на 2022-03-29.
- ↑ „England U21 star Ademola Lookman switches allegiance to Nigeria“ (англиски). 2022-02-10. Посетено на 2022-03-29.
- ↑ „Seven Foxes In International Action On Friday“ (англиски). Посетено на 2022-03-29.
- ↑ Tosin Abayomi. „Ademola Lookman celebrates 1st goal for Nigeria“ (англиски). Посетено на 2022-07-09. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „NIGERIA 2-0 CAMEROON: ADEMOLA LOOKMAN FIRES SUPER EAGLES INTO AFRICA CUP OF NATIONS QUARTER-FINALS“. Eurosport. 28 January 2024.
- ↑ „NIGERIA 1-0 ANGOLA: FIRST HALF ADEMOLA LOOKMAN GOAL BOOKS AFRICA CUP OF NATIONS SEMI-FINAL SPOT FOR SUPER EAGLES“. Eurosport. 2 February 2024.
- ↑ 3 настапи во квалификациските кола.
- ↑ „Ademola Lookman: Internationals“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Посетено на 4 November 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Адемола Лукман на soccerway
- Адемола Лукман на transfermerkt
- Адемола Лукман на whoscored
- Адемола Лукман на espn