Либенау
Либенау (германски: Lübbenau, долнолужички: Lubnjow) — град во округот Горен Шпревалд-Лужица, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа во шумското подрачје Шпревалд, околу 82 километри југоисточно од Берлин.
Либенау | |
Замок во Либенау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Горен Шпревалд-Лужица |
Градоначалник | Хелмут Венцел (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 138,78 км2 |
Надм. височина | 52 м |
Население | 15.726 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 113 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OSL |
Пошт. бр. | 03222 |
Повик. бр. | 03542 |
Портал | www.luebbenau.de |
Местоположба на градот Либенау во рамките на округот Горен Шпревалд-Лужица | |
Координати | 51°52′N 13°58′E / 51.867° СГШ; 13.967° ИГД |
Историја
уредиЛибенау бил првпат споменат во документ во 1315, но се верува дека е многу постара населба поради ископувањата под замокот кои покажуваат населба од 8 или 9 век.
Од 1364 до 1635, Либенау бил дел од Кралството Бохемија и потоа до 1815 Либенау бил дел од изборното кнежевство Саксонија. Од 1815 до 1918, Либенау припаѓал на Кралството Прусија.
Знаменитости
уредиЛибенау нуди мноштво знаменитости. Почнувајќи од стариот дел од градот, посетителите можат да се возат со традиционални бродови или да го посетат замокот со убаво уреден парк. Постојат велосипедски патеки до соседните села, а бродските линии се омилени меѓу туристите. Историјата на градските ѕидини потекнува од средниот век, а музејот веднаш до бедемот ја прикажува целокупната историја на градот.
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |