Поштенска адреса — целосна одреденост на местоположбата на примачот на пратката. Испраќачот на пратката ја пишува на пликот и му овозможува на поштенското претпријатие да ја насочува и распределува споменатата пошта.

Писмо од Украина во 1998 година.

Поштенските адреси исполнуваат посебни стандарди за секоја држава.

Општи забелешки

уреди

Адресата обично се пишува во средината на десниот дел на пликот. Поштенската марка се лепи во горниот десен дел.

За време на автоматската обработка на поштата, машината ја чита адресата и ја претвора во баркод. Баркодот потоа се користи од машините за распределба на поштата.

Секое поштенско претпријатие има определува свои правила за адресирање. Во поголемиот дел од континентална Европа, бројот на куќата/градбата се става по улицата. Ова е случај со сите земјите од Бенелукс, Германија, Швајцарија, Италија, Шпанија, во Скандинавија, во земјите од поранешна Југославија, Полска, Русија, Португалија итн.

Во Франција, Обединетото Кралство, Ирска и државите кои произлегуваат од британската и француската империја, бројот на куќата/градбата се наоѓа пред улицата.[1]

Кога поштата се испраќа во странство, името на државата се додава на адресата со големи букви. Светскиот поштенски сојуз наведува дека „делот од адресата што ја означува земјата на дестинација е регулиран со препораките на земјата на потекло, додека остатокот од адресата е предмет на препораките на земјата на дестинација.[2]

Европски директиви, нов пристап

уреди

Европските директиви, во нов пристап, сега бараат наведување на поштенската адреса на производот ставен на пазарот, за да се зајакне неговата следливост.

Синиот водич кој се однесува на воведување на прописите за производи на Европската Унија во 2016 година наведува дека „Означувањето на производот на името и адресата на производителот (и увозникот, во случај на увезени производи) претставува основно барање во однос на следливоста. Доколку е потребно, им дозволува на органите за надзор на пазарот брзо да стапат во врска со економскиот оператор одговорен за пласирање на опасен или несоодветен производ на пазарот на Унијата.“[3]

Адресирање во Македонија

уреди

Правилното адресирање на пратките е предуслов за брзо и точно доставување. Според напатствијата на Македонска пошта, пратките треба да бидат адресирани на следниов начин:[4]

  • Прв ред – име и презиме или назив на примачот.
  • Втор ред – улица и куќен број (на пр. Даутица 12 или Даутица 12А); број на влез, кат, број на стан (треба да се назначат само ако е потребно).
  • Трет ред – населено место (село, населба или град). Ако називот на населеното место е ист како и називот на поштенската единица, населеното место не е задолжително да се пишува во адресата.
  • Четврти ред – поштенски број и име на доставна пошта. (прво се пишува поштенскиот број, потоа се остава празно место па се пишува називот на одредишната поштенска единица, без скратување на името)

Наводи

уреди
  1. „France“ (pdf). Union postale universelle. septembre 2011. Посетено на 24 јули 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Systèmes d'adressage postal“ (pdf). Union postale universelle. janvier 2010. Посетено на 24 јули 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Guide bleu 2016, directive européenne nouvelle approche (француски). Посетено на 2018-02-02..
  4. „Правилно адресирање“. Македонска пошта. Посетено на 4 јануари 2025.

Поврзано

уреди