Did you know that...?
➡️ From the founding generation to the second generation, only 60 out of 100 businesses remain operational.
➡️ By the third generation, the number drops further to 32 out of 100.
➡️ By the fourth generation, only 16 out of 100 businesses are still functioning.
These statistics illustrate the significant challenges family businesses face in sustaining operations and management across multiple generations. The decline in numbers shows the importance of strategic planning, governance, and succession planning within family-owned enterprises to ensure their longevity and success.
The latest BOOM Club event, held in Skopje on 19 September 2024, and а special panel at the Annual Conference of the Macedonian Stock Exchange, held in Ohrid on 21 September 2024, centered on this crucial topic.
Ms. Ewelina Grzelak from PwC Poland delved into crucial topics such as planning for succession, aligning intergenerational visions, involving wider family groups in decision-making. Our own Ivan Mishev and Vasko Sotkaroski focused on navigating the Macedonian legal landscape and the available legal mechanisms for succession planning. The insightful discussions and shared experiences have provided invaluable guidance for all participants working towards building multigenerational family businesses.
A heartfelt thank you to Ewelina Grzelak for her exceptional contribution in making this event possible.
--------------------------------
Дали знаевте дека...?
➡️ Од првата генерација до втората генерација, само 60 од 100 семејни бизниси остануваат оперативни.
➡️ До третата генерација, бројот дополнително се намалува на 32 од 100.
➡️До четвртата генерација, само 16 од 100 семејни бизниси сè уште функционираат.
Овие статистички податоци ги илустрираат значајните предизвици со кои се соочуваат семејните бизниси во одржувањето на успешни деловни операции низ повеќе генерации. Падот на бројките ја покажува важноста на стратешкото планирање, управувањето и имплементирањето на сукцесијата во семејните компании за да се обезбеди нивната долговечност и успех
Оваа важна тема беше во фокусот на нашиот последен настан на БУМ Клубот, кој се одржа во Скопје на 19-ти септември 2024 година, и на посебен панел на Годишната конференција на Македонската берза, која се одржа во Охрид на 21-ви септември 2024 година.
Г-ѓа Ewelina Grzelak од PwC Полска навлезе во клучни теми како што се планирање на сукцесијата кај семејните бизниси, усогласување на меѓугенерациските визии за иднината на бизнисот, вклучување на пошироки семејни групи во одлучувањето. Нашите Иван Мишев и Васко Соткароски се фокусираа на правните механизми за планирање и имплементација на сукцесија на семејните бизниси во македонскиот правен систем. Интересните дискусии и споделените искуства обезбедија корисни насоки за сите учесници кои работат на градење мултигенерациски семејни бизниси.
Срдечна благодарност до Евелина Гржелак за нејзиниот исклучителен придонес во овозможување на овој настан.