Северна Америка
Северна Америка — третиот најголем континент по површина по Азија и Африка и четвртиот по население. Граничи на север со Северноледениот Океан, на исток со северниот Атлантски Океан, на југ со Карипско Море, и на запад со северниот Тихи Океан. Има површина од 24,230,000 квадратни километри (9,355,000 квадратни милји). Во 2001 нејзиното население било околу 454,225,000 жители. Може географски да се определели преку одделување на Јужна Америка од суперконтинентот Америка. И Северна и Јужна Америка се наречени така по Америго Веспучи, кој бил прв Европеец кој открил дека Америка не е источна Индија, туку претходно неоткриен Нов Свет.
Иако Канада, САД, и Мексико географски се наоѓаат во Северна Америка, во Европа често се смета дека Северна Америка ги вклучува Канада и САД, но не и Мексико или било која од државите на Средна Америка, што може да предизвика конфузија. Во Латинска Америка, Америка се смета за еден континент и затоа Северна Америка е само потконтинент составен од Канада, САД и Мексико.
Северна Америка го зафаќа северниот дел на земјената маса нарекувана Нов Свет, западна полутопка или едноставно Америка. Северна Америка се поврзува со Јужна Америка единствено преку Панама и Панамскиот Канал. Според некои, Северна Америка започнува не од Панама, туку од провлакот Тевантепек, со меѓурегионот наречен Средна Америка. Меѓутоа, најчесто се смета дека Средна Америка е дел од Северна Америка, бидејќи е премногу мала за да биде посебен континент.
Откривање
[уреди | уреди извор]Северна Америка со Јужна Америка и со Австралија уште се нарекуваат „Нов Свет“, бидејќи се откриени во XV век. Поточно, кон крајот на 15 век (1492 година) на Бахамските Остови стигнала поморската експедиција на морепловецот Кристoфер Колумбо. Тој не знаел дека октрил нов континент. Подоцна на бреговите на Северна Амрика стигнал Америго Веспучи. Според него е именуван новиот континент Америка. Потоа, главни доселеници и колонизатори биле Англичаните, Французите, Холанѓаните, Шпанците и Португалците. Нешто подоцна колониите меѓу себе ги поделиле Англија, Франција и Шпанија. Од британските колонии кон крајот на XVIII век се формирале САД, кои се прошириле над француските и над шпанските колонии. На север, од англосаксонските и француските колонии се формирала Канада, а на југ во Средна Америка, каде што колонизатор била Шпанија, се формирале повеќе помали држави со шпанско политичко и јазично влијание. Така, северниот дел од континентот ги задржал англосаксонските влијанија, а Мексико и Средна Америка останале под влијание на Шпанија.
Релјеф
[уреди | уреди извор]Релјефот на Северна Америка го претставуваат 3 посебни целини: млади верижни планини и висорамнини на запад, стари грамадни планини на исток и Средишните Низини. Младите верижни планини во Северна Америка се простираат по должината на западниот брег на континентот. Познати се под името Кордиљери. Тие се мошне разгранети. Достигнуваат широчина до 1 500км, со неколку паралелни планински венци. Меѓу нив највисоки се Карпестите Планини, кои се прсотираат од Алјаска до Мексико. Тие ја прават вододелницата меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан. Највисок врв е Мек Кинли (6 194м) на Алјаска. Помеѓу планинските венци се простираат големи котлини и затворени висорамнини, кои во некои делови имаат пустински одлики. Таков е Големиот басен. Кордиљерите стрмно се спуштаат кон бреговите на Тихиот Океан, а постепено - кон внатрешноста на континентот. посебна релјефна целина во Северна Америка претставуваат Средишните Низини. Тие с протегаат од Мексиканскиот Залив до Хадсоновиот Залив. Станува збор за низина која во правец север - југ е долга повеќе од 2 000км и широка околу 1 300км. Во северните делови на Канада низините се со субарктички и арктички одлики, со големи шумски комплекси и се ретко населени. Во јужните делови претставуваат најпроодни и стопански најразвиени области во Северна Америка.
Брегова разгранетост
[уреди | уреди извор]Северна Америка се одликува со мошне разгранет брег. Особено разгранет е северниот брег, каде што се наоѓаат голем број острови, полуострови и заливи. Најкарактеристичен е Хадсоновиот Залив. Деловите на Северна Америка спрема Атлантскиот Океан се нешто помалку разгранети. Карактеристични се полуостровот Лабрадор, островот Њуфаундленд и Сентлоренсовиот Залив. Во јужниот дел се наоѓа Мексиканскиот Залив со островите Големи Антили и полусторивте Флорида и Јукатан. Западниот дел ан Северна Америка е најмалку разгранет. Тој е стрмен со неколку полуострови, заливи и помали острови. Најкарактеристични се полуостровот Калифорнија, Калифорнискиот Залив и Алјаскиот Залив.
Клима
[уреди | уреди извор]Северна Америка се прсотира од 100 до 850 с.г.ш. Токму затоа има се различни климатски појаси и климатски типови. Застапени се тропски, суптропски, умерени, супполарни и поларни климатски појаси. Тропската клима е застапена во областите на Средна Америка, поточно во областите на Карипското Море и Мексиканскиот Залив. Суптропската клима е карактеристична за крајбрежниот појас на Мексиканскиот Залив и полуостровот Флорида. Главна одлика се жешки лета и благи зими. Умерениот појас е карактеристичен за територијата на Северна Америка од Мексиканскиот до Хадсоновиот Залив. Супполарната клима е присутна на териториите северно од Хадсоновиот Залив, на полуостровот Лабрадор и во северните делови на Кордиљерите. Се одликува со долги студени зими и кратки лета. Низини и пониските делови на Кордиљерите и Апалачките Планини. Повисоките делови на Кордиљерите и делумно на Апалачките Планини се одликуваат со типична планинска клима. На одредени простори меѓу планинските венци се јавува полупустинска и пустинска клима. Ткави се деловите од територијата на Тексас, Аризона и пустината Мохаве. Насеверните делови на Северна Америка се одликуваат со поларна клима, каде што владее постојана зима. Посебна одлика за климата на Северна Америка претставува појавата на торнада, кои настануваат при интензивно загревање на воздухот и јаки нагорни стриења на воздухот. Така, во вид на воздушен вртеж со пречник од неколку стотини метри се движи со околу 50км/час, носејќи темни виорни облаци и прав и уривајќи се рпед себе. Торнадата се најприсутни во јужните и во централните делови на САД и во Мексико.
Хидрографија
[уреди | уреди извор]Сливови Хидрографијата на Северна Америка е ориентирана кон сливните подрачја на: Северноледениот Океан, Атлантскиот Океан и Тихиот Океан. Помали територии меѓу планинските венци на Кордиљерите се во внатрешните неистечни сливови.
Реки
Повеќето од реките во Северна Америка извираат во областите на Кордиљерите и Апалачките Планини. Постојат голем број реки, од кои најпознати се Мисисипи со Мисури, Охајо, како и Рио Гранде кои се влеваат во Мексиканскиот Залив. Во Атлантскиот Океан се влева реката Сент Лоренс, која ги поврзува Големите Езера со Атлантикот Океан. Познати реки кои гравитираат кон Северноледениот Океан се Мекензи и Нелсон. Тие попатно поврзуваат голем број помали и поголеми езера. Во Тихиот Океан се влеваат реките Јукон, Колумбија и Колорадо. Речниот систем на Северна Америка е надополенет со густа каналска мрежа за наводнување и со воден сообраќај. Од особено значење е каналот што ја поврзува реката Илиној со езерото Мичиген, така што се воспоставува речно-каналско-езерски воден сообраќај. Со него е овозможено голем број градови од внатрешноста на Северна Америка да имаат улога на значајни пристаништа. На овој начин е овозможена пловна комуникација со пристаништата на Атлантскиот Океан и Мексиканскиот Залив, а преку Панамскиот Канал и со пристаништата на бреговите на Тихиот Океан.
Езера
Северна Америка се одликува со голем број езера. Најзначајни и најпознати се Големите Езера: Горно, Мичиген, Хјурон, Ири и Онтарио, кои се меѓусебно поврзани, потоа Мечкиното Езеро, Големото Ропско Езеро, Атабаското Езеро, езерото Винипег и многу други.
Растителен и животински свет
[уреди | уреди извор]Растителниот свет се менува од север кон југ. Во ладните поларни области е распростанета тундра, каде што растителниот свет е сиромашен: претставен со лишаи, мов и ретки треви. Јужно од тундрата се простираат огромни територии под иглолисни и листопадни шуми. Ова е карактеристично за територии во Канада и за повисоките делови на Карпестите и на Апалачките Планини. Потоа, одејќи кон југ, во низините се јавуваат тревни области, прерии, кои по масовното населување на Северна Америка се разорани и претворени во големи обработливи површини. Тие денес се главна житница на континентот, со големи површини под житни, индустриски, градинарски и фуражни култури. Во Калифорнија и на бреговите на Мексиканскиот Залив егзистираат суптропски расителни видови, а во Средна Америка, на островите Антили успеваат ропски култури, како што се шеќерна трска, кафе, какао, банани, тутун и друго. Северна Америка се одликува со присуство на различни видови животни, распространети според климатско - вегетациските услови. Од тревопасните животни најкарактеристични се бизонот, лосот, срната, дивата свиња и други. Од месојадните животни карактеристични за Северна Америка се мечката, волкот, којот, пумата и други. Во поларните предели егзистираат белата мечка, белата лисица, поларниот зајак и други.
|
|
|