Прејди на содржината

Кан (Азурен Брег)

Координати: 43°33′05″N 7°00′46″E / 43.5513° СГШ; 7.0128° ИГД / 43.5513; 7.0128
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кан
Cannes
Шеталиштето „Круазет“ и пристаништето
Шеталиштето „Круазет“ и пристаништето
Грб на Кан
Кан is located in Франција
Кан
Кан
Координати: 43°33′05″N 7°00′46″E / 43.5513° СГШ; 7.0128° ИГД / 43.5513; 7.0128
ЗемјаФранција
РегионПрованса-Алпи-Азурен Брег
ДепартманПриморски Алпи
ОкругГрас
Управа
 • Градоначалник (2014-2020) Давид Лиснар (UMP)
Површина119,62 км2 (758 ми2)
Население (2012)273.603
 • Густина38/км2 (97/ми2)
INSEE/Пошт. бр.06029 / 06400
Надм. висина0 м )
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Кан (француски: Cannes; окситански: Canas) — град сместен на Азурниот Брег. Претставува општина, сместена во департманот Приморски Алпи и е домаќин на годишниот Кански филмски фестивал. Градот е поврзуван со богатите и славните, своите луксузни хотели и ресторани и многуте конференции. На 3 ноември 2011 година бил домаќин на самитот на организацијата Г20 на индустријализираните земји.

Историја

[уреди | уреди извор]

За време на II век пред нашата ера, лигурскиот Оксибиј тука воспоставил населба позната како Егитна (Aegitna). Историчарите не се сигурни што значи името. Областа била рибарско село користено како порта помеѓу Леринските Острови.

Кан погледнат од сателит

Во 69 година од нашата ера станал место на насилните борби меѓу трупите на Отон и Вителиј.[1]

Во X век градот бил познат како Кануа (Canua). Името може да извира од „кана“, трска. Кануа е веројатно местото на мало лигурско пристаниште, а подоцна римски бастион на ридот Ле Сике, според римските гробници кои се тука откриени. На Ле Сике е сместена кула од XI век која гледа кон мочуришта каде што сега стои градот. Повеќето од древните активности, особено заштитата, се одвивале на Леринските Острови и историјата на Кан е блиску поврзана со историјата на островите.

Нападот на Сарацените во 891 година, кој траее до крајот на X век, ја уништил земјата околу Кануа. Несигурноста на Леринските Острови ги принудило монасите да се населат на копното, на Ле Сике. Изградбата на замокот во 1035 година го зацврстило градот тогаш веќе познат како Кан, и на крајот на XI век започнала изградбата на две кули на Леринските Острови. Едната се градела еден век, а другата, три.

Околу 1530 година, Кан се одвоил од монасите, кои го контролирале градот стотици години и станал независен.

Во текот на XVIII век, Шпанците и Британците се обиделе да се здобијат со контрола над Леринските Острови, но биле избркани од страна на Французите. Островите подоцна биле контролирани од страна на многумина, како што се Жан Оноре Алзијари и епископот од Фрежис. Островите имале многу различни цели; на крајот на XIX век, еден од нив служел како болница за ранетите војници во Кримската војна.

Хенри Брум, прв барон на Брум и Во, купил земјиште во Кроа де Гард и ја изградил вилата Елеонора Луиза. Неговата работа за подобрување на условите за живеење ја привлекло англиската аристократија, која исто така започнала со изградба на зимски резиденции.

На крајот на XIX век биле завршени неколку железници, што го забрзало доаѓањето на трамваите. Во Кан биле изведени проекти како што се булеварот Карно и улицата Антиб, како и хотелот Карлтон на шеталиштето Круасет. По затворањето на Казино де Флер (хотел Галија), била изградена луксузна градба за богатите зимски клиенти, како и Казино Мунисипал веднаш до пристаништето Албер Едуар. Ова казино било урнато и заменето со новата палата во 1979 година.

Во XX век биле изградени нови луксузни хотели како што се Карлтон, Мажестик, Мирамар и Мартинес. Градот се осовременил со спортскиот центар, поштата и училиштата. Имало помалку британски и германски туристи по Првата светска војна, а повеќе Американци. Зимскиот туризам му отстапил место на летниот туризам и било изградено летното казино на Палм Бич.

Градскиот совет имал идеја за отпочнување на еден меѓународен филмски фестивал непосредно пред Втората светска војна. Првиот бил отворен на 20 септември 1946 година и се одржал во Казино Мунисипал.

Кан има средоземна клима (Кепенова класификација на климата: означена со Csa или Csb ) и градот добива 12 часа сонце дневно во текот на летото (мај до септември), додека во зима (декември-февруари) времето е благопријатно. Двете сезони имаат релативно слаби врнежи од дожд и повеќето дожд се јавува во текот на октомври и ноември, кога паѓа 110 мм.

Канските лета се долги и топли, со летни дневни температури редовно до 30 °C, додека просечните температури се околу 25 °C. Температурите остануваат високи од јуни до септември, најпрометното време од годината. И покрај топлите дневни температури, средоземниот ветер ги држи летните вечери пријатно свежи.

Температурите паѓаат под 10 °C во само три месеци од годината (декември-февруари). Пролетта и есента се исто така топли, но повеќе погодни за оние кои сакаат малку постудено време.

Климатски податоци за {{{location}}}
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
[се бара извор]
Панорама на крајбрежјето.
Булеварот де ла Круасет долж крајбрежјето.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Воздухопловниот центар Мандели во Кан

Областа околу Кан се развила во високотехнолошка област. Технолошкиот парк „Софија Антиполис“ се наоѓа во ридовите над Кан. Филмскиот фестивал е голем настан за индустријата. Постои годишен телевизиски фестивал во последната недела на септември.

Стопанството на градот се заснова на туризам, стопански саеми, трговија и воздухопловство. Кан има 6.500 претпријатија, од кои 3000 се трговски, занаетчиски и услужни.

Во Кан е седиштето на воздухопловниот центар „Мандели“, под капата на претпријатието „Талес Аленија“, првиот европски производители на сателити.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Шеталиштето „Круазет“ е авенија со палми на брегот. Круазет е познато по живописните плажи и ресторани, кафулиња и бутици. Ле Сике, стариот град, обезбедува добар поглед на Круазет. Утврдената кула и капелата на „Св. Ана“ е дом на музејот Де ла Кастр. Карактеристична градба во Кан е руската православна црква „Св. Архангел Михаил“.

Во Музејот на историјата и уметноста на Прованса се сочувани артефакти од праисторијата до денес, во палата од XVIII век. Музејот Де ла Кастр има објекти од коралните острови на Тихиот Океан, перуански реликвии и гранчарски предмети од Маите. Други музеи се Поморскиот музеј, Музејот на морето, Музејот на фотографијата и Меѓународниот музеј на парфеми.

Вилите на Кан

[уреди | уреди извор]

Кан од XIX век сè уште може да се види со своите големи вили, изградени за да го одразат богатството и состојбата на своите сопственици и инспириран од средновековните замоци до римските вили. Не се отворени за јавност. Италијанската вила на „Елеонора Луиз“ на лордот Бруам (една од првите во Кан) — изградена помеѓу 1835 и 1839 година. Исто така познат како „Англиски четврт“ (Quartier des Anglais), ова е најстарата станбена област во Кан. Друга атракција е Вила Фјезол (позната денес како Вила Домерг) дизајнирана од страна на Жан Габриел Домерж во стилот на Фјезоле, во близина на Фиренца, која може да биде посетена со најава.

Остров Сент Маргерит

[уреди | уреди извор]

На „човекот во железната маска“ му требале 11 години да го напушти овој мал, пошумен остров Сент Маргерит. Се верува дека мистериозниот поединец бил од благородна крв, но неговиот идентитет никогаш не е докажан. Неговата ќелија може да биде посетена во тврдината Сент Маргерит, сега преименувана во Музеј на морето. Во овој музеј, исто така, се сместени откритија од потонати бродови во близина на островот, вклучувајќи и римска (I век п.н.е.) и сараценска (X век од н.е.) керамика.

Островот Сент Онора

[уреди | уреди извор]

Цистерцијанските монаси се единствените жители на помалиот појужен остров Сент Онора. Монасите го населиле островот од 410 година во екот на нивните овластувања, ги имале во сопственост Кан, Мужен и Валорис. Средновековни траги се наоѓаат во црквата, која е отворена за јавноста, и во урнатините од XI век во манастирот на работ на морето. Монасите го делеле своето време помеѓу молитвата и производството на црвени и бели вина.

Театар и музика

[уреди | уреди извор]

Кан не е познат по традиционалниот театар. Сепак, малите настани на сцена продуцираат и организираат кратки скеч изведби за време на меѓународниот годишен фестивал на глумечки настапи. Познати театри се Еспас Мирамар и Александар III.

Фестивали и настани

[уреди | уреди извор]
  • Канскиот филмски фестивал — основан во 1949 година, се одржува секоја година, обично во мај.
  • Меѓународен фестивал на креативноста — глобален настан на кој се доделуваат награди во полето на маркетингот, одржуван секоја година во јуни.
  • Мидем — настан за музичката индустрија.
  • МИПИМ — најголемото светско шоу на трговско-имотно претставување.
  • Карневал на Ривиерата — годишна парада низ улиците за да се одбележи 21-дневниот период пред Црниот вторник.
  • Меѓународен фестивал на игри — фестивал на игрите во карти, табли, шах, тарот и други (февруари).
  • Фестивал на морето — настан за ентузијасти во едрење во пристаништето (септември).
  • Меѓународен фестивал на глумечки изведби — комични скечеви и настапи на уметници.
  • Меѓународен пазар на луксузни патувања — средба на сите врвни меѓународни луксузни туристички услуги и добавувачи од целиот свет.
  • Фестивал на пиротехничката уметност — прекрасно годишно натпреварување во огномет, кое се одржува во текот на летото во Канскиот Залив.
  • Мипком и МИПТВ — се одржуваат во октомври и април и претставува еден од најважните светски трговски пазари за телевизиската индустрија.
  • Пан-африкански филмски фестивал — се одржува во почетокот на април и претставува филмови од африканската дијаспора.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
Аеродромот Ница Азурен Брег

Аеродром Ница Азурен Брег се наоѓа на 24 километри од Кан и има околу 10 милиони патници годишно. Аеродром Марсеј Прованса е, исто така, оддалечен 150 километри. Помалиот аеродром Кан-Манделе е во близина. CannesExpress извршуваат редовни трансфери меѓу аеродоромот во Ница и хотелите во Кан. Цена за едно место е 20 евра.

Железнички

TGV пружа железнички услуги до главната железничка станица во Кан и обезбедува пристап од големите француски градови, вклучувајќи ги Ница, Марсеј, Лион, Париз и Тулуза. Други градови до кои има железнички превоз се Брисел (6 часа), Милано (5 часа), Базел (10 часа), Рим (10 часа) и Венеција (10 часа). Помалите железнички станици Кан-Ла Бока и Ди Боске служат само за места во областа.

Автобуски

Превозните услуги се во Gare Routière, во центарот на градот, во близина на Градското собрание. Компании од странство се Eurolines и Agence Phoceens. Регионалните услуги се обезбедени од Rapides и ТМО, со услуги од Ница и Грас/Манделе соодветно. Локалните автобуски услуги се обезбедени од страна на Азур.

Фериботски

Траектите се достапни во Ница на пристаништето од Бастија и Калви на Корзика, со услуги обезбедени од страна на SNCM Ferryterranée и Корзика фериботи. Од Бастија, патувањето е 4 часа и 45 минути на конвенционалните траекти и 3 часа и 40 минути на брзи траекти, а од Калви, конвенционалните се 3 часа и 45 минути, а експресните се 2 часа и 45 минути. Во просек по четири траекти на ден пловат на овие правци, а повеќе во текот на летото.

Панорама на пристаништето Кан, од кое многу фериботи испловуваат.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Кан е збратимен со следниве градови:

Кан има договори за пријателство со следниве градови:

  1. Забележано од Полибиј во Histories, 33.10.
  2. „Британски градови збратимени со француски градови“. Archant Community Media Ltd. Архивирано од изворникот 2013-07-05. Посетено на 20 јули 2013.
  3. Песото, Лоренцо. „Меѓународни односи - Збратимени градови и договори“. International Affairs Service in cooperation with Servizio Telematico Pubblico. Град Торино. Архивирано од изворникот 2013-06-18. Посетено на 6 август 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]