Прејди на содржината

Хуан Мартин дел Потро

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хуан Мартин Дел Потро)
Хуан Мартин дел Потро
Земја Аргентина
Место на живеењеТандил, Аргентина
Роден на23 септември 1988(1988-09-23)(36 г.)
Роден воТандил, Аргентина
Спорт Тенис
Висина1.98 м
Професионалец2005
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Себастијан Прието
Заработка$ 10,597,349
Поединечно
Победи-порази254–107 (70.04%)
Титули13
Највисок пласман4 (11 јануари 2010)
Сегашен пласман7 (28 јануари 2013)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенQF (2009, 2012)
Ролан ГаросSF (2009)
Вимблдон4R (2011, 2012)
УС ОпенW (2009)
Други турнири
Мастерс купF (2009)
Олимписки игри Бронзен медал (2012)
Победи-порази41–44
Ажурирано на: 15 October 2012.
Олимписки медали
Натпреварувач за  Аргентина
Машки тенис
Бронзен медал – трето место 2012 Лондон Поединечно

Хуан Мартин дел Потро (шпански изговор: [ˈxwan maɾˈtin del ˈpotɾo]) (роден 23 септември 1988), често именуван по својот прекар Делпо, е аргентински професионален тенисер кој е моментално најдобро рангиран аргентински тенисер како и седми тенисер во светот.[1] Дел Потро влегол во најдобрите 10 на АТП листата за првпат на 6 октомври 2008. Во јануари 2010, тој го достигнал своето највисоко место на АТП листата, 4-то место. Набргу по достигнувањето на ова место, дел Потро морал да се повлече од поголем дел од турнирите во 2010 поради повреда на зглобот.[2]

Дел Потро започнал да игра тенис на седум годишна возраст,[3] и на 15 годишна возраст во 2004 тој ја остварил својата прва сениорска победа. Во 2008, тој станал првиот тенисер во историјата на АТП кој ги освоил своите први четири титули на исто толку турнири.[4] Тој исто така ја имал втората најдолга победничка низа во 2008, и втора најдолга од тинејџер, зад Рафаел Надал кој имал победничка низа од 23 победи на 5 турнири.[4] Дел Потро ја освоил својата прва Гренд слем титула на Отвореното првенство на САД 2009, победувајќи го Надал во полуфиналето и Рожер Федерер во финалето. Дел Потро е единствениот тенисер кој покрај 'Големата четворка' - Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, и Енди Мареј успеал да освои гренд слем титула од 2005. Тој станал вториот аргентинец и петтиот најмлад тенисер кој успеал да го освои Отвореното првенство на САД во Опен ерата.[5] Дел потро исто така бил освојувач на бронзен медал од Летните олимписки игри во 2012 во поединечна конкуренција.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Хуан Мартин дел Потро е роден во Тандил, Аргентина. Неговиот татко, Даниел дел Потро, играл полупрофесионално рагби во Аргентина и тој е ветеринар.[3][6] Неговата мајка, Патриција, е учителка и тој има помлада сестра која се вика Џулиета. Дел Потро зборува шпански, англиски и помалку италијански јазик.[7] Настрана од тенисот, тој ужива играјќи фудбал и навива за Бока Јуниорс и Јувентус.[7] За време на своето детство тој многу често го посветувал своето време на тенисот и фудбалот, и фудбалерот Мауро Каморанези е еден од најблиските пријатели на дел Потро.[3]

Дел Потро започнал да игра тенис на седум годишна возраст заедно со тренерот Марсело Гомес.[3] Талентот на дел Потро бил откриен од страна на поранешниот италијански тенисер Уго Коломбини, кој го следел низ почетните фази во неговата кариера, и до ден денес е негов агент и близок пријател.[8] Кога бил запрашан за неговите амбиции во тенисот, тој одговорил, "Сонувам да освојам гренд слем и дејвис куп."

Стил на игра

[уреди | уреди извор]

Дел Потро е првенствено напаѓач од основната линија со силен сервис и длабоки, рамни топспин удари.[9][10] Неговиот форхенд е еден од неговите главни предности и најверојатно најсилен во играта, кој често достигнува брзина од 100 милји на час,[11] и тој исто така поседува многу постојан и силен дворак бекхенд.[12] Неговата висина му овозможува моќен прв сервис, како и полесно враќање на високите топспин топки.[13]

АТП финалиња во кариерата

[уреди | уреди извор]

Поединечно: 18 (13–5)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Grand Slam tournaments (1–0)
Year-end championships (0–1)
ATP World Tour Masters 1000 (0–1)
ATP World Tour 500 series (4–2)
ATP World Tour 250 series (8–1)
Титули по подлога
Тврда (9–5)
Земја (4–0)
Трева (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 13 јули 2008 Штутгарт, Германија Земја Франција Ришар Гаске 6–4, 7–5
Победник 2. 20 јули 2008 Кицбиел, Австрија Земја Австрија Јирген Мелцер 6–2, 6–1
Победник 3. 10 август 2008 Лос Анџелес, САД Тврда САД Енди Родик 6–1, 7–6(7–2)
Победник 4. 17 август 2008 Вашингтон, САД (1) Тврда Србија Виктор Троицки 6–3, 6–3
Финалист 1. 5 октомври 2008 Токио, Јапонија Тврда Чешка Томаш Бердих 1–6, 4–6
Победник 5. 17 јануари 2009 Оукленд, Нов Зеланд Тврда САД Сем Квери 6–4, 6–4
Победник 6. 9 август 2009 Вашингтон, САД (2) Тврда САД Енди Родик 3–6, 7–5, 7–6(8–6)
Финалист 2. 16 август 2009 Монтреал, Канада Тврда Обединето Кралство Енди Мареј 7–6(7–4), 6–7(3–7), 1–6
Победник 7. 14 септември 2009 Отворено првенство на САД, Њујорк, САД Тврда Швајцарија Рожер Федерер 3–6, 7–6(7–5), 4–6, 7–6(7–4), 6–2
Финалист 3. 29 ноември 2009 ATP World Tour Finals, Лондон, Велика Британија Тврда Русија Николај Давиденко 3–6, 4–6
Победник 8. 27 февруари 2011 Делреј Бич, САД Тврда Србија Јанко Типсаревиќ 6–4, 6–4
Победник 9. 1 мај 2011 Есторил, Португалија (1) Земја Шпанија Фернандо Вердаско 6–2, 6–2
Финалист 4. 30 октомври 2011 Виена, Австрија Тврда Франција Жо-Вилфрид Цонга 7–6(7–5), 3–6, 4–6
Финалист 5. 19 февруари 2012 Ротердам, Холандија Тврда Швајцарија Рожер Федерер 1–6, 4–6
Победник 10. 26 февруари 2012 Марсеј, Франција Тврда Франција Микаел Лодра 6–4, 6–4
Победник 11. 6 мај 2012 Есторил, Португалија (2) Земја Франција Ришар Гаске 6–4, 6–2
Победник 12. 21 октомври 2012 Виена, Австрија Тврда Словенија Грега Жемља 7–5, 6–3
Победник 13. 28 октомври 2012 Базел, Швајцарија Тврда Швајцарија Рожер Федерер 6–4, 6–7(5–7), 7–6(7–3)

Двојки: 1 (1–0)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Grand Slam tournaments (0–0)
Year-End Championships (0–0)
ATP Masters 1000 (0–0)
ATP World Tour 500 series (0–0)
ATP World Tour 250 series (1–0)
Титули по подлога
Тврда (1–0)
Земја (0–0)
Трева (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 30 јули 2007 САД Индијанаполис, САД Тврда САД Парот, ТревисТревис Парот Русија Габашвили, ТејмуразТејмураз Габашвили
Хрватска Карловиќ, ИвоИво Карловиќ
3–6, 6–2, [10–6]

Други турнири

[уреди | уреди извор]
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 5 август 2012 Летни олимписки игри, Лондон, Велика Британија Трева Србија Новак Ѓоковиќ 7–5, 6–4
  1. „ATP World Tour Rankings“. ATP World Tour. Посетено на 2009-12-10.
  2. „Del Potro, operado con éxito en EE.UU“. 2010-05-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Greg Bishop (2009-09-07). „Town of Red Meat and Tennis Raises Another Star“. New York Times. Посетено на 2009-09-14. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. 4,0 4,1 „Del Potro Captures Fourth Straight ATP Title“. 2008-08-17. Посетено на 2008-08-28.
  5. ATP Staff (2009-09-14). „Del Potro stuns Federer to win title“. ATP World Tour. Посетено на 2009-10-04.
  6. Mariano Przybylski. „Trama secreta de la final“ (шпански). Revista Noticias. Архивирано од изворникот на 2008-10-28. Посетено на 2009-08-24.
  7. 7,0 7,1 „ATP World Tour profile“. ATP World Tour. Посетено на 2009-09-14.
  8. „Del Potro ničí soupeře. Jako Sampras“ (чешки). Denik Sport. 2009-07-10. Посетено на 2009-08-21.
  9. Paul Newman (2008-09-03). „Murray insists on doing the talking against Del Potro“. London: The Independent. Посетено на 2009-09-15. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  10. William Johnson (2009-08-10). „Del Potro turning up the heat“. The National. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 2009-09-15. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  11. „Federer stunned by del Potro“. New York Post. 2009-09-14. Посетено на 2009-09-23. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  12. Bud Collins (2009-09-15). „Stunning upset by del Potro? Roger“. The Boston Globe. Посетено на 2009-09-15. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  13. Rob York (2009-09-15). „The Morning After: How Bright a Future for Juan Martin Del Potro?“. Bleacher Report. Архивирано од изворникот на 2009-10-19. Посетено на 2009-09-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]