Охридско Езеро
Охридско Езеро | |
---|---|
Карта на Охридското Езеро | |
Подрачје | Македонско–албанска граница |
Координати | 41°2′N 20°43′E / 41.033° СГШ; 20.717° ИГД |
Вид на езеро | тектонско |
Главни приливи | Сатеска, Билјанини Извори |
Главни истеци | Црн Дрим |
Слив | 2,600 км2 км2 |
Сливни земји | Македонија, Албанија |
Најг. должина | 36,4 км км |
Најг. ширина | 16,8 км км |
Површина | 388 км2 км2 |
Прос. длабочина | 155 м м |
Најг. длабочина | 288 м м |
Зафатнина | 55,49 км3 км3 |
Проточност | 70 години |
Брег | 87,53 км Македонија: 56,02 км; Албанија: 31,51 км км |
Надм. височина | 693 м м |
Острови | нема |
Населени места | Охрид, Струга (Македонија) Поградец (Албанија) |
Службен назив: Природно и културно богатство на охридскиот регион | |
Тип: | природно, културно |
Критериуми: | i, iii, iv, vii |
Прогласено: | 1979 (3то заседание) |
Број | 99 |
Регион: | Европа и Северна Америка |
Дополнувања: | 1979, 2019 |
Прогласено: | 15 февруари 2021 |
Број | 2449[1] |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |
Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се одликува со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.
Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[2]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“[3] (лат. Ohrid Lacus)[4].
Географија
[уреди | уреди извор]Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).
Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151 м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег.
Потекло
[уреди | уреди извор]Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години).
Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред сè поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.
Флора и фауна
[уреди | уреди извор]За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемски организми. Групи најбогати со ендемски организми и воедно најистражувани групи на организми се дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемски.[5] Тие се:[6]
Пастрмки
Бели риби
|
|
Јагули
|
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Охридската Котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средна месечна температура изнесува 1,5 степени во јануари , додека -17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.
Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се одликуваат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуваат стабилноста. Средната брзина на ветер во охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .
Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26 °C.
Археологија и историја на езерото
[уреди | уреди извор]Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6.000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.
Езерото низ минатото
[уреди | уреди извор]Сликарот Никола Герман оставил неколку фото-записи за тоа како изгледало езерото и рибарството во Охрид по војната:
-
Рибари во Охридското Езеро.
-
Охриѓани на риболов.
-
Риболов со мрежа во Охридското Езеро.
-
Рибари на кајче и улов.
-
Рибари во Охридското Езеро.
-
Поглед кон стар Охрид.
Охридското Езеро како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Незаконски товар“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски.[7]
- „Охрид“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[8]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на Охридското Езеро
-
Водите на Охридско Езеро
-
Водите на Охридско Езеро
-
Охридско Езеро -
Плажата пред хотел Инекс Горица -
Поглед на брегот на Охридското Езеро -
Охридско Езеро во лето -
Поглед кон Охридското Езеро од Јабланица
-
Поглед кон Охридското Езеро од Јабланица
-
Реката Црн Дрим пред утоката во Охридското Езеро -
Охридското Езеро кај манастирот Св. Наум -
Кампот Градиште во лето -
Риболов на Охридското Езеро на зајдисонце
-
Чамец на Охридското Езеро
-
Скок во езерото од Канео
-
Чамец во езерото
-
Топографска карта на Охридското и Преспанското Езеро
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Lake Ohrid“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 13 May 2021.
- ↑ „Охридско Езеро - Инвестирајте во Македонија - Агенција за странски инвестиции на РМ“. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2021-08-28.
- ↑ „НАСА одлучи едно од езерата на Титан да се вика „Охридско Езеро"“. Макфакс. 21 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 21 октомври 2010. (македонски)
- ↑ „Ohrid Lacus (Охридско Езеро) на Титан -“. Службен весник на планетарна номенклатура на Меѓународниот астрономски сојуз. 16 септември 2010. Посетено на 22 октомври 2010. (англиски)
- ↑ „Охрид и неговите ризници“. Општина Охрид. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-04-30.
- ↑ Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1099. ISBN 9786082030241.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 267.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 53-54.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Риболовна основа за риболовното подрачје на Охридското Езеро за периодот 2009 - 2014 година - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, 2009[мртва врска]
„Охридско Езеро“ на Ризницата ? |
|