Прејди на содржината

Македонско лекарско друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонско лекарско друштво (МЛД) — професионално здружение од областа на здравството основано во 1945. год. како Здружение на лекарите, стоматолозите и фармацевтите. Фармацевтите формирале посебно здружение од МЛД на 12 јули 1947., а стоматолозите на 10.06.200.4 година. Членството се состои од 4.490 лекари (08/2008) организирани во 22 подрачни и 70 специјалистички и субспецијалистички здруженија.

Мисија на МЛД е унапредувањето на медицинската и сродните науки, зачувување и унапредување на достоинството и угледот на лекарската професија, и заштита на интересите на лекарите. МЛД е главен носител на организираната континуирана медицинска образование (КМЕ) и континуиран професионален развој (КПР) во континуитет повеќе од 70 години.

Македонското лекарско друштво со своето над седумдесет годишно дејствување преку генерации на лекари и нивната доброволна и несебична заложба и пожртвуваност, претставува еден од главните столбови на македонското здравство и значаен сегмент во вкупниот општествено-социјален развој на Република Македонија.

МЛД е претходник на Медицинскиот факултет како извор на првиот наставнички кадар на факултетот.

МЛД бил иницијатор за формирањето на Лекарската комора на Македонија.

МЛД е добитник на повеќе награди: 11 Октомвриска , 13 Ноемвриска, Св. Климент Охридски и др.

МЛД е член на Светската медицинка асоцијација WMA, EFMA/WHO, Европскиот форум на лекарски асоцијации, SEEFMA Форумот на лекарските асоцијации од Југоисточна Европа, и повеќе од 40 меѓународни специјалистички асоцијации.

Актуелен Претседател на Македонското лекарско друштво е Доц. д-р Горан Димитров.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]