Прејди на содржината

Расејување

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дифузија)
Шематски приказ на ефектите од расејувањето низ клеточната мембрана.

Расејување или дифузија — процес на движење на молекули и јони од област со повисока концентрација кон област со пониска концентрација сè додека не се изедначат концентрациите од двете области (средини). Најчесто се среќаваме со расејување на два раствори, иако има и расејување меѓу гасови. При расејувањето меѓу раствори, се расејуваат и молекулите и јоните на растворената материја и оние на растворувачот.

Во биологијата

[уреди | уреди извор]

Во биологијата, процеси кои се одвиваат со расејување се: преносот на O2 и CO2 меѓу алвеолите и капиларите (во дишниот систем), транспортот на истите материи меѓу клетката и капиларите и др. Ако расејувањето на честичките се врши низ клеточната мембрана, тогаш станува збор за осмоза.