Прејди на содржината

Операција Морски лав

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Директива - "Морски лав")
Британски војници во Франција, 1939 година

Директивата Морски лав ја издал Адолф Хитлер, и претстатвува план за инвазија врз Велика Британија. Со директивата било предвидено сите подготовки за мобилизацијата на околу 260.000 нацистички војници да се извршат до половината на август, а десантот да се одложува сè додека германската авијација не стане надмоќна. Потоа, на 18 август е извршен најжестокиот напад на германската авијација врз цели во Англија, а на 7 септември почнало бомбардирањето на Лондон наречено „Блиц“.