Прејди на содржината

Руд Гулит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руд Гулит
Гулит во Доха во 2012
Лични податоци
Полно име Руд Гулит
Роден на 1 септември 1962(1962-09-01)(62 г.)
Роден во Амстердам, Холандија
Висина 1.90 м (6 ст 3 ин)[1]
Позиција среден ред / напад
Младинска кариера
1967–1975 ASV Meerboys
1975–1979 DWS[2]
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1979–1982 ХФЦ Харлем 91 (32)
1982–1985 Фејенорд 85 (30)
1985–1987 ПСВ 68 (46)
1987–1993 Милан 117 (35)
1993–1994 Сампдорија 31 (15)
1994 Милан 8 (3)
1994–1995 Сампдорија 22 (9)
1995–1998 Челси 49 (4)
Вкупно 465 (175)
Репрезентација
1979 Холандија U-21 4 (1)
1981–1994 Холандија 66 (17)
Тренер на екипи
1996–1998 Челси (играч-менаџер)
1998–1999 Њукасл Јунајтед
2004–2005 Фејенорд
2007–2008 Лос Анџелес Галакси
2011 Терек Грозни
2017– Холандија (асистент менаџер)

Руд Гулит, OON (холандски изговор: [ˈryt ˈxɵlɪt]  ( слушни);[3] born Rudi Dil; 1 септември 1962 година) е поранешен холандски фудбалер и менаџер кој настапувал во 1980-тите и 1990-тите, како играч од средниот ред или напаѓач. Тој бил капитен на фудбалската репрезентација на Холандија во 1988 година, кога Холандија го освоила УЕФА Еуро 1988 и исто така бил член на тимот од светското првенство во Италија 1990 година и на ЕУРО 1992.

На клупско ниво, во 1987 година се преселил од ПСВ во Милан за надоместок за трансфер во светски фудбалски размери.[4] Лесно препознатлив со неговите карактеристични плетенки, тој бил дел од познатото холандско трио во Милано, во кое биле вклучени Марко ван Бастен и Франк Рајкард. Гулит освоил три титули во Серија А и два Европски Купови на Шампионите со Милан. Во 1996 година, тој потпишал за Челзи, а една година подоцна бил назначен за играч-менаџер на клубот. Во својата дебитантска сезона, тој го предводел Челзи до успехот во ФА Купот, првата голема титула на клубот по 26 години, и со тоа станал првиот странски менаџер кој победил во ФА Купот.

Гулит ја освои Ballon d'Or во 1987 година и бил именуван заСветски фудбалски играч на годината во 1987 и 1989 година. Како, играч од средниот ред и напаѓач,[5] тој бил разноврсен играч, играјќи на бројни позиции за време на неговата кариера. Во 2004 година, тој бил именуван за еден однајпопуларни 125 најдобри фудбалери, како дел од 100-годишнината од ФИФА.[6]

  1. „Ruud Gullit – Stats“. National-Football-Teams. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 6 April 2015.
  2. „Vader Gullit beschuldigt 'arrogante Ajacieden'. Trouw.nl. 1 June 1994. Посетено на 25 June 2014.
  3. Surname in isolation: [ˈɣɵlɪt]
  4. "The history of the world transfer record". BBC News. Retrieved 10 May 2014
  5. „Gullit: The Netherlands' Black Tulip“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 28 April 2015.
  6. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 10 May 2014.