Прејди на содржината

Палечна коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Палечна коска
Позиција на палечната коска (црвен дел).
Десната рака, дланка предна и задна страна (палечна коска 1).
Податоци
Назнаки
ЛатинскиRadius
MeSHA02.835.232.087.090.700
TAA02.4.05.001
FMAFMA:23463

Палечната коска (латински: Radius) е долга коска и заедно со лакотната коска (латински: Ulna) се надоврзуваат на коските на коренот на шаката.

На палечната коска се разликуваат:

  • тело (латински: corpus radii);
  • горен крај составен од:
  • глава (латински: caput radii), која има вдлабнатина за зглобување со главичката од хумерусот, околу главата се наоѓа кружна зглобна површина за зглобување со коскен засек од лакотната коска;
  • врат (латински: colum radii);
  • коскена рапавост (латински: tuberositas radii);
  • долен крај кој наликува на пресечена четиристрана пирамида, нејзината база претставува зглобна површина за зглобување со коренот на шепата, а на медијалната страна се наоѓа коскен засек за зглобување со улната. Латерално се протега надолу шилест израсток (латински: processus styloideus).

Зглобови

[уреди | уреди извор]

Палечната коска заедно со лакотната коска формираат сложен зглоб (латински: articulatio cubiti) бидејќи се поврзуваат три коски: рамената коска, палечната коска и лакотната коска, така што формираат три зглоба кој функционираат како еден единствен зглоб и во него се вршат движењата на флексија, екстензија, супинација и пронација. Долните краеви на палечната коска заедно со долните краеви на лакотната коска се зглобуваат во долен радиоулнарен зглоб во кој се вршат движења на супинација и пронација.

Кај животните

[уреди | уреди извор]

Кај четириножните животни, товарот од телото паѓа на полупречникот и коските на долниот екстремитет. Градбата е слична кај повеќето копнени животни, но палечната коска може да се спои со лакотната коска и кај некои цицачи (како коњи).

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]