Прејди на содржината

Лу (држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лу
魯國
~ 1042–249 п.н.е.
Главен градЌуфу
Вероисповед
кинеска народна вера, култ кон предците, таоизам
Уредувањемонархија
Маркиз 
Историја 
• Основана
~ 1042
• припоена од Чу
249 п.н.е.
Лу на картата на кинеските држави во V век п.н.е.

Лу (??) — држава во стара Кина за време на Пролетно-есенскиот период. Основана е во X век п.н.е., и нејзините војводи се воделе под презимето Ѓи. Првиот војвода бил Ѓи Поќин, син на Ѓи Тан, тогашен премиер на Џоу. Престолнината била Ќуфу, а државата се протегала главно на централните и јузгозападните регоини на денешната провинција Шандунг. На север се граничела со моќната држава Ќи а на југ со исто така моќната држава Чу. Иако државата Чи била поразена во нејзините походи на Лу (Битка кај Чангшао) во 684 г. пр. н. е., за време на пролетно-есенскиот период државата Лу била во опаѓање. Нејзината политичка моќ подоцна била поделена помеѓу тројцата моќни земјопоседници Ѓисун, Менгсун и Шусун. Во 256 г. пр. н. е. државата Чу ја припојува кон себе државата Лу.

Лу била татковина на филозофот Конфуциј. Тој го напишал делото „Пролетно-есенски летопис“ како историја на неговата држава. Во Лу било напишано и уште едно големо дело на кинеската историја, под наслов „Ѕуови коментари“, од авторот Ѕуо Џуан.