Википедија:Избрана статија/2020/33
Воловар — соѕвездие на северното небо, со местоположба меѓу 0° и +60° деклинација, и 13 и 16 часа на ректасцензија на небесната сфера. Името потекнува од старогрчкиот поим Βοώτης, Boōtēs, што значи овчар или орач (или буквално, воловар, од boos, поврзано со латински bovis, „говедо“).
Станува збор за едно од 48 соѕвездија опишани од астрономот Птоломеј, Воловар денес е едно од 88 современи соѕвездија. Ја содржи четвртата најсјајна ѕвезда на ноќното небо, портокаловиот Арктур. Воловар е дом на многу сјајни ѕвезди, од кои четири се со светлинска величина над 4 и дополнителни 21 ѕвезда со светлинска величина над 5 со што се добиваат 29 ѕвезди кои се видливи со голо око.
Се граничи со Девица на југ, Береникина Коса и Ловечки Кучиња на запад, Големата Мечка на северозапад, Змеј на североисток и Херкул, Северна Круна и Змиска Глава на исток. Кратенката од три букви била усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 г., и истата е 'Boo'. Официјалните граници на соѕвездието, поставени од Ежен Делпорт во 1930 г., и дефинирани како многуаголник од 16 делови. Во екваторскиот координатен систем, ректасцензионите координати на тие граници се 13ч 36.1м и 15ч 49.3м, додека пак деклинационите координати се протегаат од +7,36° to +55,1°. Заземајќи површина од 907 квадратни степени, Воловар кулминира на 2 мај околу полноќ и според површината е на 13-то место. (Дознајте повеќе...)