Прејди на содржината

Томас Брус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Брус, 7-ми Гроф од Елгин
Елгиновите мермери во Британскиот музеј

Томас Брус, 7-ми Гроф од Елгин и 11-ти Гроф од Кинкардин (англиски: Thomas Bruce, 7th Earl of Elgin and 11th Earl of Kincardine) (20 јули, 1766 - 14 ноември, 1841) бил британски благородник и дипломат, познат по отстранувањето на мермерните скулптури од Партенонот во Атина. Преку англискиот јазик, тие се познати како Елгинови мермери.[1]

Елгин бил третиот син на Чарлс Брус, 5-тиот Гроф од Елгин кој го наследил неговиот постар брат Вилијам, 6-тиот Гроф, во 1771 додека имал само пет години.

Елгин служел како амбасадор во Отоманското Царство во периодот помеѓу 1799 и 1803 год. Бил голем ентузијаст за антиквитети, и бил шокиран од рамнодушноста на Турците кон старогрчките скулпури кои пропаѓале. Нивното отстранување тој го оправдувал со намерата да ги зачува. Додека се отстранувале мермерите, Елгин увидел дека е неможно тие да се пренесат надвор од акрополот без да се исечат на помали парчиња. Така била направена значителна штета на овие мермерни скулптури. Дури и во тоа време неговите постапки биле контроверзни. Елгин потрошил огромна сума пари за превоз на мермерите до Британија, пари кои тој никогаш не ги надоместил.

Неговиот престој во Средниот Исток бил полн со несреќи. За време на епидемија на „чума“ на Елгин му паднал носот, така станувајќи прилично неатрактивен за неговата млада жена. На пат накај татковината преку Франција, Елгин заедно со некои негови сопатници бил заробен како воен заробеник (војната избила одкога тие ја напуштила Британија) и биле држени во притвор неколку месеци. Иако со нив било постапувано добро, Леди Елгин морала да патува без својот сопруг, и влегла во љубовна врска со еден од нејзините придружници. При неговото враќање во Британија, согледувајќи дека не може да го разубеди Британскиот музеј да ја плати предложената цена за мермерите, го дал на суд љубовникот на жена си за барање превисока цена. Потоа тој се преженил (со уште помлада жена) и отишол да живее во континентална Европа. Мермерите биле изложени, а потоа и купени од нацијата во 1816.

Дипломатски функции
Претходник
?
Британски амбасадори во Отоманското Царство
1799–1803
Наследник
?
Шкотско перство
Претходник
Вилијам Роберт Брус
Гроф од Елгин
1771–1841
Наследник
Џејмс Брус
  1. Encyclopædia Britannica, "Thomas Bruce, 7th earl of Elgin", O.Ed., 2008